Составот на тимот од експерти предводен од Рајнхард Прибе не е најсоодветниот избор на луѓе што би можеле да направат еден технички извештај како што го направија тие и кој потоа беше основа од која се роди пржинскиот договор, но и за политичко трасирање на државата на подолг рок. Познаваме експерти со многу постручни и високи познавања за безбедносните системи, кои не беа избрани, а најверојатно можеа да завршат многу подобра работа, пишува Дневник.Ова е една од главните поенти на анализата на извештајот на Германецот Прибе, неговото пишување, изборот на тимот што дојде заедно со германскиот експерт итн.,што ја направи американскиот новинар и аналитичар Kрис Делисо, а е објавена на неговиот интернет-портал „Балканализис.ком“.
Студиозно приоѓајќи му на целиот концепт на извештајот (зошто се појави потреба странски експерти да проценуваат состојба и да предлагаат приоритетни реформи, какво е влијанието на Брисел врз пораките во извештајот…), Делисо смета дека одговорноста за креирање една политичка стратегија врз основа на препораките во овој документ (кој инаку испровоцира низа критики) е поделена, од една страна, поради недоволната стручност и познавање на тимот што работеше за Прибе, но, од друга, поради слепото прифаќање на препораките без никаква јавна дебата за нив.
– За многу Европејци, една злобна работа во врска со Европската Унија е тенденцијата да се користат мали групи анонимни, безлични технократи, за исполнување агенди, кои потоа неизбежно влијаат врз животите на милиони луѓе. Повеќето такви експертски групи само доаѓаат и си одат, без никој да знае за нивното постоење. Иако извештајот беше објавен, членовите на тимот не беа јавно познати, освен Рајнхард Прибе, констатира Делисо во својата опширна и детална анализа за која вели собирани се податоци и интервјуа безмалку две години.Ова е една од главните поенти на анализата на извештајот на Германецот Прибе, неговото пишување, изборот на тимот што дојде заедно со германскиот е