Верувам дека оваа Македонија може да се стреми да стане обединета Швајцарија и еднаква за сите, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред албанската и македонската дијаспора во Берн, Швајцарија.Ова е потврда дека опозицискиот лидер на изборите на 11 декември сериозно смета на гласачите Албанци и тоа не само од дома, туку и од дијаспората. Опозицијата предводена од СДСМ ќе ги бара гласовите на иселениците токму со кандидат од Швајцарија, пишува Дневник.Заев викендов учествувал на дебата со иселеници од Македонија во Берн, пред сѐ, со албанската дијаспора, но и Македонци и Горани, организирана од „Платформа Албинфо“ од Швајцарија. Освен Заев, на дебатата на тема „Македонија на прагот на избори: Промените, илузија или реалност“, говорник бил и лидерот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села, поранешниот швајцарски политичар Андреас Грос и директорот на „Албинфо“, политикологот Башким Исени.
Заев пред иселениците ја образложил граѓанската платформа со која опозицијата предводена од СДСМ ќе настапи на изборите на 11 декември.
– Македонија, независно од националната, религиозната и политичката припадност, треба да биде обединета за да го тргне од власт овој режим. Тука сме обединети и јас како претставник на македонската политичка компонента, говорам на собир каде што мнозинството е составено од Албанци. Јас сум прв од македонските политичари што се ангажирам за еднаквост и единство со сиот ризик дека со ова може да ги изгубам гласовите на оние што не веруваат во оваа можност за еднаквост. Јас ги отворив овие теми независно од тоа кој е засегнат и ова го направив за доброто на Македонија. Верувам дека оваа Македонија може да се стреми да стане обединета Швајцарија и еднаква за сите. Kога ги објавив бомбите видов дека се крадени пари од двата етнички кампа, и од македонскиот и од албанскиот, независно од тоа колку проценти од населението сочинуваат – рекол Заев.
На дебатата со дијаспората, Села потенцирал дека ситуацијата во Македонија е неодржлива во однос на позицијата на Албанците. Според него, етничкото чистење на Албанците од Македонија трае од 1912 година и поради тоа Албанците се многубројни во дијаспората.
Наспроти ангажманот на Заев на контото на опозицијата да легнат и гласовите на албанскиот електорат, лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, речиси на сите средби со граѓаните порачува дека СДСМ нема право на албанските гласови. Лидерот на ДУИ смета дека СДСМ нема да добие ништо со таквите акробации, со пораките за граѓански партии, бидејќи изненадени се самите гласачи Албанци од каде што СДСМ и Заев сега се нудат како спасители.
Впечаток е дека засега освен Ахмети, ниту еден од лидерите на партиите на Албанците, јавно не ја коментира новата платформа на најголемата македонска опозициска партија за освојување на албанското гласачко тело. Според ова, нејасно е дали Мендух Тачи , Зијадин Села, Билал Kасами, Гзим Острени и Весел Мемеди се сигурни дека Заев нема да чепне од нивното гласачко тело, односно дека најзагрозена е владејачката ДУИ поради незадоволството на Албанците од децениското владеење на Али Ахмети.
Заев: Не може само Македонците да се добри, а соседите лоши
Заев обвинил дека актуелната власт е одговорна за лошите односи на Македонија со соседите.
– Парите отидоа на споменици и музеи, кои наместо да н` обединат, н` поделија. И не само тоа, тие ги нарушија односите и со нашите соседи Kосово, Србија, Албанија, Бугарија. Не може да бидеме добри само ние, Македонците, а сите други да бидат лоши. Сега е време обединети да му кажеме стоп на овој режим – рекол Заев.
Андреас Грос: Македонците треба да учат албански!
Според Грос, потребна е промена на Уставот во Македонија за да се изедначат двата јазика.
– Двата јазика (македонскиот и албанскиот) треба да бидат официјални за да може да се користат на еднаков начин во сите региони во земјата исто како во Швајцарија. Kај нас, имињата на улиците се на два јазика, така треба да биде и во Македонија. Македонците да учат албански и Албанците македонски – рекол Грос.Заев викендов учествувал на дебата со иселеници од Македонија во Берн, пред сѐ, со албанската дијаспора, но и Македонци и Горани, организирана од &