Дневникот на една блондинка!

Овој текс ќе ве насмее до солзи…а да не се лутат блондинките еве една шега за останатите девојки. „Вицевите за блондинки се едноставни, за бринетите да можат да ги разберат“!
11 мартУРАААААА. ЈЕССС.ЈЕСССС.ЈЕСССССКонечно можам да си ја возам колата, а инструкторот цело време да не ми повторува: „ПАЗИ МА!, Идеш контра, пази ПЕШАААК! И слични глупости. Всушност, јас навистина не разбирам како можев да го трпам цели две години да ми збори?8 априлВо ауто школата денес правеа журка, за мојата возачка.Инструкторите беа навистина возбудени. Еден од нив дури ни призна дека бил во црква и оставил прилог за мене. На другиот му засолзија очите иако не сакаше да го забележиме, а колегата до него ми се довери дека планира да се опијани од среќа. Страшно се љубезни. Срциња се и ги сакам, ама мора да си признаам дека по малку ми е и чудно. Па не е возачката дозвола толку голема работа за таква радост, а?14 априлСи купив кола. Црвена. Ама морав одма да им ја оставам во сервисот да го сменат задниот браник. Мислам што да правам, кога тргнав рикверц наместо во прва брзина. Па немам толкаво искуство. Возам само недела дена, хелоооуууу.16 април.Конечно. Ете јааа. Мојата кола е дома. Толку и се израдував што решив да се провозам веднаш штом ми ја донесоа. Изгледа и други имаа иста таква идеа, да се провозат за мојата нова кола. Се создаде одма цела колона зад мене. Свиреа на сирените како улави, бе…. Изгледа беше свадба, па за да им се придружам намалив од 20 на 15 кмч. Знаев дека ќе им се допадне мојата идеа. После тоа не престанаа да свират.
22 априлКомшииве ми се топ. Екстара луѓе. Ставиле огромен натпис ПАЗИ, КОМШИКАТА ВОЗИ!!! И ми дадоа дупло место на паркинг, а на децата им забраниле да играат надвор додека се паркирам. Знам дека не сакаат да ми сметаат додека се паркирам. Стварно се срциња.30 априлВозачиве позади мене секој ден само ми трубат и ми даваат некакви знаци. Мислам дека е тоа многу љубезно од нивна страна, ама и опасно. Еден тип нешто му збореше, ама ја не можев да го разберам бидејќи не можев да го најдам тастерот за отворање на стаклото и за малку ќе повредев еден пешак. Среќа негова што возев 15 кмч.

10 мајОвие возачиве секој ден ми се се почудни луѓе. Не само што ми мафтаат него и ми викаат за време на возење. Јас навистина не разбирам што сакаат, бидејќи уште не можам да го најдам тастерот за отворање на стаклата. Изгледа сакаат да ми дадат некоја информација, бидејќи еден денес како да го слушнав дека ми викаше: “Оди дома ма, оди дома….!!!“ Мислам од кај знае дека одам дома. Чудно, нели? Кога ќе го најдам отворачот за прозори ќе ми биде дефинитивно полесно, ќе можам да ги слушнам што ми викаат.19 мајНоќе градов е катастрофа со осветлување. Денес прв пат бев ноќе со кола. Абе цело време морав да ги држам запалени долгите светла инаку ништо не се гледа. Изгледа дека и на другиве возачи ништо не им се гледа. Гледам јас веднаш штом запалам долги светла и оние од спротива ги палеа. Само не ми е јасно зошто ми свиреа? Дали така плашат и бркаат мачки и кучиња да не им претрча некое, кој да ги знае. Остај ги чудаци.26 мајДенес имав сообраќајка. Влегов во кружен тек, ама влегов во шпиц ептен имаше коли. Не сакам да претерувам ама сигурно имаше едно 4 коли. И никако не можев да излезам. Кружев сигурно едно саат време. Мислам, почна да ми се врти од цело тоа кружење и на крај удрив во споменикот во средина на кружниот тек. Мислам дека мора да се ограничи возењето во кружен тек на максимум еден автомобил.3 јуниНесреќава ме држи и денес. Отидов да си ја земам колата од сервис и на излегување наместо да стиснам на кочница ја стиснав на гас. Удрив во една кола и и ја искршив цела десна страна. И пази која коинциденција бе. Испадан дека тоа беше мојот инструктор. Колку е добар човекот, немате појма. Јас цело време му викам дека сум јас виновна, а он срце, се кубеше по главата и викаше: “Прости ми Господе, прости ми Господе“.
Курира да не се лутат блондинките еве една шега за останатите девојки. „Вицевите за блондинки се едноставни, за брине

Пронајдете не на следниве мрежи: