Прочитајте го дневникот на една пациентка сместена во клиника за слабеење.
3-ти август Секое утро, како и обично, разговараме за слабеење……Пред појадокот се оптегна непрегледен ред за вагата. Една дебела дама, која се здебели уште повеќе, непрестано тврдеше дека вагата лаже. Слабичката дама, која уште повеќе ослабна, се бунеше – тоа лаже календарот, а вагата е исправна. Дама со пријатна надворешност, и непријатен телесен распоред е фатена во обид да се измери.14/2 августЗа појадок разговаравме за слабеење. Една дама од соседната соба беше одлучна во својата намера да ја отсече сопствената рака заедно со филуваната крофна која таа рака, спротивно на волјата на дотичната дама, ја земаше од масата. За среќа, раката на дотичната дама е спасена, а крофната од неа отргната со заеднички напори на останатите дами. Во нашето „одмаралиште“ сметаат дека најдобар познат систем на слабеење е системот: „појадокот изеди го сам, ручекот подели го со пријателот, а вечерата дај му ја на непријателот“. Затоа мнозинството од дамите, вечерата му ја даваат на сопругот. А една немажена дама, бидејќи нема најдобар непријател, вечерата и ја дава на најдобрата пријателка.37-ми августЗа ручек разговаравме за слабеење. Сите дами дојдоа до заклучок дека најдобар систем на слабеење е сепак – гладувањето. Се воспостави дека има многу системи на гладување. Некој гладува по системот јога, некој по системот Станиславски, некој по периодниот систем на Менделеев… Тонот на целиот разговор го диктираат две дами – апсолвентки на скратениот курс на Факултетот за гладување.68-ми августЗа ужина разговаравме за слабеење. Гладувањето во нашето „одмаралиште“ се спроведува успешно. Не се забележува особен апетит. Сонот нормален. Со тенденција на лесен транс. Кој преоѓа во длабок транс. Малку шетаме, слабо разговараме. Ја штедиме енергијата за да имаме сила да се качиме на вагата. Инаку се чувствуваме одлично… освен оние две што ги однесоа на реанимација.Некој месец, денот беше без датумЗа вечера разговаравме за слабеење. Во нашето „одмаралиште“ се случи необична случка – фатено е сениште. Беше проѕирно и се нишаше на ветрот. Сепак, при детален преглед се воспостави дека сеништето е дама од собата број 6, која ноќе ја колвеше храната на нашиот канаринец. Од денес сите треба да проаѓаат покрај таа дама. Оние што можат да одат.
И никој не смее да ја поздравува. Од оние што сеуште можат да се поздравуваат.На датумот не се сеќавам, ни месец немаше исто така, ѓавол ќе го знае кој бешеНоќе разговаравме за слабеење. Атмосферата во нашето „одмаралиште“ се заострува. Сите се потпишавме под една петиција. Оние што сеуште можат да се потпишуваат. Со петицијата баравме да се забрани филмот „Дебелката“, приказната „Дебелиот и слабиот“, басната „Чорбата на Демијан“ и „Мачорот и готвачот“, како и песните „Сакам макарончиња“ и „Купете си крофнички“. И уште баравме јавно да се запалат книгите за здрава и вкусна храна. Кога ни беше сето тоа одбиено, ние свечено го запаливме менито на нашиот ресторан. Со заеднички сили запалувајќи едно ќибритче.Јануари истата година кој дојде по февруариВо нашето „одмаралиште“ е голема веселба! Една дама дојде до совршенство! Кога ја ставија на вагата, стрелката остана на нула! Дамите што можеа да стојат, паднаа во несвест од восхит. А оние што не стоеја, се восхитуваа лежејќи. И сите оние што сеуште можеа да одлучуваат, одлучија да се раководат према таа нула на тежина. Но една дама, која пред слабеењето беше професор по математика, изјави дека нулата уште не е граница. Постојат и негативни броеви…Прочитајте го дневникот на една пациентка сместена во клиника за слабеење.