Позади дестабилизацијата на Македонија која се заканува да доведе до распад на државата, според пишувањето на Washington Times, но и според анализите на Judicial Watch, здружение кое се занимава со надзорот американските надворешни политики и нејзината транспарентност, стојат „Императорот Сорос“ и Барак Обама, пренесува хрватскиот портал Дневно.хр. Луѓето на Сорос се секаде, посебно во државите на Балканот. Во врвовите на париите и владите. Затоа што Балканот не е тешко со пари да се подмитат политичарите. Проблемот очигледно се шири како метастаза, а влијанието на Сорос е се поочигледно. Владите лојални на Брисел и на поранешната влада во Вашингтон се уредно инсталирани секаде, првенствено како брана за ширење на влијанието на православната Русија, која стана непријател на Западот, првенствено поради одбивањето да се покори во културната војна и да ги прифати „вредностите на либерализмот“. Откако католичката Европа е покорена, на ред дојде источното христијанство, но таму работите се малку посложени.
Последната во низата влади на суверени држави во која властите на САД пробува да ја сруши легитимно избраната власт и да си ги постави оние кои нив им одговараат е Македонија. Покрај промените на врвот во Вашингтон, во Скопје се уште е човек на Обама. Конзервативната влада тука која застапува про-лајф и суверенистичка политика, е нешто што „Соросовата пешадија“, како што „Washington Times“ ги нарекува неговите платеници по разните невладини организации, кои ги активира на делечинско, по потреба, кога треба некаде да се руши власт или да го помести законодавството во правец на своите интереси, а спротивно интересите на самата нација, тргна во поход на Груевски како би поставиле нова власт. Доколку во таа битка победи Сорос, милијардер, шпекулант и покровител на либералната левица во светот, резултатот ќе биде огромен прилив на мигранти од исламските земји, миграција која тој ќе ја контролира и финансира, како и победа на „прогресивните полтики на мрачниот император Сорос и неговито Сит Лорд, Барак Обама“, пишува „Washington Times“.
Тие се повикуваат на Judicial Watch, кој се прослави со своите истраги за корупција на странските влади под Обама, а во кои неодамна излезе брилијантна анализа за проблемите на Балканот, во кои се наведува како власта во САД во тајност потрошила милиони долари даночни пари како би ја дестабилизирала демократски избраната десничарска влада во Македонија, здружувајќи се со левичарскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос. Таа организација за надзор тврди дека Џес Бејли, од Обама поставен за амбасадор во Македонија, работел позади кулисите со Соросовото здружение „Отворено општество“, како би префрлувал огромни суми американси пари за постигнување на целта, што претставува мешање во работата во внатрешните работи во Македонија и претставува кршење на Виенската конвенција за дипломатските односи.
Владата на Обама активно работеше на поттикнување на племенски и национални судири во Ирак и Сирија, како би пробуткала агендата на Сорос. А Балканот исто има доста фракции, нации и етнички групи, и тука исто така не е тешко да поттикнат судри, особено во Македонија, каде 30% од населението се Албанци. Но операцијата во Сирија не помина баш добро за САД, уствари доведе до губење на влијанието на Блискиот Исток, заедно со пропадната операција во Ирак. А најголема цена за тие операции плаќа Европа, преплавена со милиони мигранти од Блискиот Исток. Таа поплава ја финансира, поттикнува и ја усмерува Сорос. Авторот во текстот пишува дека за ова одамна пишувал, додека тоа уште било во теориите на заговор, а на темел на информации од прва рака, вели дека Соросовите НВО ги усмеруваат мигрантите по одреден пат, така што во одредени држави и градови ги чекаат пари на банкоматите на одредени банки, кои го подигнуваат од картичка, со упатство како да ги излажат миграциските власти и да добијат азил.
Овој пат слично сценарио и се спрема за Македонија, овој пар со потпора на етничките Албанци и социјал-демократиет во Македонија, кои склопија сојуз против победничката партија на изборите ВМРО-ДПМНЕ и Груевски. Некои конгресмени во САД веќе поставија прашање за кризата во Македонија, но новата власт на Трамп, со нив засега не се занимала, затоа што имаат други приоритети. Во меѓувреме, луѓето на Сорос и Обама активно работат на креирање хаос, што она што иначе го прави Сорос.Додека Демократите во САД пробуваат да ги осуетат плановите на Трамп на сите можни начини, со доста успех ги спречуваат неговите кадри да ги превземат позициите, нивната стратегија станува се поочигледна. Да се минира конзервативната револуција во САД и во другите делови од светот, колку што е можно, да се саботира се што конзервативците од Трамп до Орбам пробуваат да направат, и постават свои луѓе на власт каде што е можно во светот. Тоа секако значи да се завојува со Русија по секоја цена.
Седуммина републиканци од Конгресот, вклучувајќи го Кристофер Х. Смит од Њу Џерси, Роберт Б. Алтхонд од Алабама и Трент Франкс од Аризона, напишаа писмо до надзорното тело, кое проверува коко се трошат парите од даночните обврзници, во кое изразуваат загриженост околу тоа како се трошат парите во Македонија, и на што. „Слушнавме веродостојни известувања, дека во минативе две години американската амбасада во Македониј активно интервенирало во партиската политика во Македонија“, пишуваат законодавците, како и обликување на медиското опкружување и цивилното друштво на непримерен и пристрасен начин. Според тие известувања, нивната дипломатска мисија во Македонија, конзистентно ја поддржува партија, медиуми и невладини организации од левицата. Тоа не е забрането само со Виенската конвенција, туку и со американските закони.
Изгледа дека прилично јасно дека амбасадорот Бејли ги прекршил правилата. Тие од новиот министер за надворешни работи на САД. Рекс В. Тилерсон бараат да ги искорени луѓето на Обама од дипломатијата, особено од Балканот, каде постои посебно плодно тло за армијата на Сорос, на кое тој може лесно да ги оствари своите злобни планови и да предизвика војна, патење и битки какви предизвика и на Блискиот исток, со реперкусија за земјите од ЕУ, како Германија и Шведска, во кои би се слила река мигранти, овој пат Албанците (важно е миграните да не се христијани, затоа што не треба да заборави, темел на делувањето на Сорос е дехристијанизација на Европа, и затоа толку му значи затрупување на истата со мигранти. Затоа ЕУ и не ги прима азилантите од Украина, каде стварно имаше војна, но ги прима од Мароко и Тунис каде нема војна), пишува весникот.
Дали досега видовме доволно плодови од Соросовите напори ширум светот, во вид на деструкција, војни, масовни емиграции, разорување на сигурносните и социјалните состави на Западот, мртви деца од сплавови? Или ќе имаме реприза на Балканот: Америка, која беше светилник на слободата, под Обама стана своја спротивност, оформувач на диктатури и војни, користејќи притоа како сојузници користејќи богати и манипулативни сојузници како Сорос и идеолошки фантазирани идиоти на Западот. А да не говориме за Русија, во случајот за рушење на Груевски сигурно не би останала на страна, како ниту Србија, која би се нашла загрозена со створувањето на проалбанска влада во Македонија, каква што буткаат Сорос и амбасадорот на Обама, завршува „Washington Times“Луѓето на Сорос се секаде, посебно во државите на Балканот. Во врвовите на париите и владите. Затоа што Балканот не е тешко со пари да се подмитат