Излезноста во општина Гостивар до 17 часот достигна 45,2 отсто. Вкупно 34.556 граѓани го искористија правото на глас, информира претседателот на Општинската изборна комисија Мустафа Муслиу.Според ОИК Гостивар, изборниот процес засега се одвива добро и не се регистирани застои или попречувања.
Во општина Гостивар во единствениот избирачки список се регистрирани 76.362 лица, а правото на глас го остваруваат на 121 избирачко место.
Сите гласачки места беа отворени навреме, во 7 часот.
Гласањето во кумановскиот регион се одвива непречено. Според податоците на ДИК во Куманово до 17 часот одѕивот е 57,43 отсто, во Липково 46,31, а во Старо Нагоричане 56,92 проценти.
Во Куманово се гласа на 167 избирачки места, а евидентирани се вкупно 90.848 гласачи, од кои 89.427 гласаат во изборна единица два, додека 1.421 лице гласаат во третата изборна единица.
Во Липково право на глас имаат вкупно 24.348 лица кои гласаат на 36 избирачки места. И во општина Старо Нагоричане гласањето се одвива на 37 избирачки места, а право на глас имаат 3.462 гласачи.
До 17 часот во мавровско-реканскиот крај гласале 3.319 избирачи или 37 отсто од вкупно запишаните 8.964.
Како што информира претседателката на Општинската изборна комисија Тамара Смилеска, гласањето се одвива непречено и без проблеми на сите 39 избирачки места.
Правото на глас вчера им беше овозможено на 34 лица кои претходно се пријавиле како болни и изнемоштени.
До 17 часот на гласање во Кичево излегле 51,5 отсто од вкупно евидентираните 46.696 избирачи.
Според претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК) Антигона Сефери, изборниот процес до овој момент се одвива без какви било нерегуларности.
Гласањето во општина Врапчиште се одвива непречено и нема нарушувања на избирониот процес на 39-те избирачки места. До 17 часот на гласање излегле 10.242 гласачи или 49,1 процент, изјави претседателот на Оопштинската изборна комисија Имер Ќазими.
Во оваа горнополошка општина, право на глас имаат 24.439 лица кои избираат пратеници на предвремените парламентарни избори во 6ИЕ, од девет листи кои ги понудија три политички партии и шест коалиции. Вчера ОИК Врапшиште ововозможи гласање на 28 лица кои беа пријавени како болни и изнемоштени.Според ОИК Гостивар, изборниот процес засега се одвива добро и не се регистирани застои или попречувања.
Во општина Гостивар во единственио