До 2050 година, дури 50 отсто од луѓето ќе ја имаат оваа болест!

Половина од светската популација би можела да стане кратковида за само повеќе од три децении, додека една петина би можела да има значително зголемен зголемен ризик од слепило, објавува ново истражување.Имено, се очекува дека од 2000 до 2050 година би можело да дојде до седумкратен пораст на бројот од заболени од кратковидост, а научниците сѐ уште не можат да ја откријат причината.
Првата помисла е дека за сѐ треба да се обвини опседнатоста на луѓето со екраните од компјутерите и мобилните телефони, но нештата сепак не се едноставни.
Бројот на случаи со кратковидост помеѓу 1970. и раните 2000. готово двојно се зголеми во САД, додека во Азија порастот е подраматичен.
Скорешно истражување открива дека 96% од тинејџерите во Јужна Кореја се кратковиди, додека во Сингапур, Кина и Јапонија степенот кратковидост меѓу тинејџерите се движи околу 80-90%.
Анализирајќи ги податоците, најново истражување покажало дека во 2000 година кај 1,4 милиони луѓе е дијагностицирана кратковидост (22.9% од светското население).
– Предвидуваме дека до 2050 година ќе има 4,7 милиони луѓе со кратковидост (49.8% од светската популација), а 938 милиони ќе имаат висока кратковидост – изјавија научниците.
Научниците го објасниле ова со промените во „факторите на околината, најмногу со промените во начинот на живот кои резултирале со комбинација на намалено количество поминато време надвор и зголеменото количество на активности кои се извршуваат внатре.“
Не е најлошо времето поминато пред монитор, бидејќи кратковидоста почнала да расте пред смартфоните и масовното ширење на компјутерите, туку намаленото количество на време поминато надвор.Имено, се очекува дека од 2000 до 2050 година би можело да дојде до седумкратен пораст на бројот од заболени од кратковидост, а научниците сѐ уште

Пронајдете не на следниве мрежи: