До 26-ти овој месец трае конкурсот за изработка на мобилна апликација за веб страницата на Агенцијата за млади и спорт.Наградниот фонд за најдобрата апликација е 500 евра, а право на учество имаат тимови со максимум три членови – студенти на возраст од 18 до 25 години кои студираат на еден од државните или приватните универзитети во државата.
Тимовите ќе имаат задача да направат мобилна апликација која ќе ги прикажува содржините што се наоѓаат на сајтот www.mladi.ams.mk и која ќе работи минимум на андроид платформа.
Апликациите на учесниците на натпреварот ќе ги евалуира стручно жири составено од тројца професори на ФИНКИ, еден вработен во АМС и еден од Коалиција СЕГА.
Презентацијата на сите апликации и прогласувањето на најдобрата ќе се одржи во амфитеатарот на ФИНКИ во текот на февруари 2017 година.
Сите прашања поврзани со натпреварот може да се постават на е-маил адресата [email protected] или [email protected].
Натпреварот го организираат Коалицијата СЕГА со младинските информативни и советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.Наградниот фонд за најдобрата апликација е 500 евра, а право на учество имаат тимови со максимум три членови – студенти на возраст од 18 до 2