Грчкиот амбасадор во Швајцарија го повлекол грчкиот филм од фестивалот во Лугано, затоа што при претставувањето на земјата на потекло на филмот „До балчак“, било употребено уставното име Република Македонија.Грчкиот амбасадор уште на 23 октомври испратил писмо до организаторот на „OtherMovie“ Фест во име на „Грција и грчката кинематографија“ во кое побарал да се повлече грчкиот филм, затоа што во каталогот на фестивалот за „До Балчак“ пишува дека е од Македонија, а не, „како што треба, во согласност со директивата на Обединетите нации, „поранешна југословенска Република Македонија, или „ПЈРМ“.
Весникот „Та Неа“ коментира дека сега останува грчкиот амбасадор во САД да направи нешто слично и да го повлече филмот „Мала Англија“ од кандидат за Оскар за странски филм, затоа што организаторите на 87. филмски награди во листата на пријавени кандидати за Оскар, за „До балчак“ повторно напишале дека е од Македонија.
Весникот иронично заклучува дека и амбасадорот во Франција во иднина треба да го направи истото доколку на фестивалот во Кан во Мај „се појави некој кој сака да го украде името Македонија“.
– И така на меѓународните филмски фестивали и на Оскарите некако ќе се прикажуваат и ќе учествуваат филмови од Скопје, како филмови од ’Македонија’, додека Грците самите ќе си се повлекуваат оставајќи отворено поле за другите, пишува „Та Неа“.Грчкиот амбасадор уште на 23 октомври испратил писмо до организаторот на „OtherMovie“ Фест во име на „Грција и грчката кинематогр