До Филип Петровски: Потребен е Водач, мислител, и човек со Патриотско чувство

Почитуван Г. Филип Петровски…
Немој да заборавиш дека ако снемаме пари, не е опасно зашто пак можеме да заработиме.. Нај лошото е што ќе снемаме време… Не навлегувам во минатото и твојата Политичка Кариера, и дали си постигнал нешто на персонален план. Повеќе ме интересува што си постигнал за Македонија, и за својот народ… Со зборовите на Твојата изјава, го браниш Националното битие на својот Народ и Држава, што е над се и за почит…. Исказите влеваат верба дека утре ќе имаме по убав ден, и дека се нашол некој кој конечно се определил да го води својот народ, по патот на изгреј Сонцето… Ништо нема по убаво и по светло, и по радосно кога знаеш дека Татковината, ти припаѓа на тебе и на твојот народ…
Тие атрибути за напреден и квалитетен живот а својот Народ и Држава, треба да се подржат, и усовршат од оној кој ќе застане на здрави нозе, и првенствено да се посвети на својот Народ и Држава како целина, без да виде послушник или доушник на надворешни фактори, како што беше во минатото и сегашноста, а кои се одразуваат негативно на Мак, во секој поглед….
Потребен е Водач, мислител, и човек со Патриотско чувство во кој мојот Мечед Народ ќе има верба, дека без разлика по која цена, ќе работи за доброто на својот Корен, и ќе го штити родот свој….
Не ме интересира НАТО, ЕУ, или било која друга Светска Организација, која има во план преку уцени и омаловажувања на мојот Народ, и мојата Библиска земја, да не вовлечат рамката на срамот, и да не сме онаа што сме, а тоа е Македонци и само Македонци…
Затоа оној што ќе го изберат за ВОДАЧ на 23-и, мора да знае од јаде изгрева Сонцето, зашто на Конгресот не се избира Председател на Водна Заедница или Фудбалски Клуб, туку на Партија, зад која стои мојот измачен и изманипулиран Македонски Народ, кој посакува по добро утро ….
Живееме помеѓу два различни света. Едниот е одамна починат, а друѓиот се плаши да се роди, зашто не знае какво утро го чека …
Време е за спас на грутката која не родила..
РАЗМИСЛЕТЕ..Таа е се што имаме….
Извор Фејсбук. Текстот не е лекториран, но е пренесен изворно за да се запази неговата автентичност.

Пронајдете не на следниве мрежи: