ДО ИДНАТА ЈАС: Ќерката починала, а родителите пронашле писмо кое ги скршило од болка!

Тејлор Смит не го доживеа 13-от роденден. Поради тешки компликации предизвикани од пневмонија, таа починала во болница. Но, писмото што го напишала до сама себе го расплака светот.По нејзината смрт, родителите биле уништени од болка, но во нејзините работи нашле нешто што ги утешило барем малку – писмо кое Тејлор го адресирала до самата себе и кое требало да го отвори во 2023 година.
Ова е текстот на писмото:
„Драга Тејлор,
Како е животот? Моментално (пред 10 години), животот е доста едноставен. Знам дека малку доцнам, ама додека пишувам е уште рано, па честитки за матурирањето! Ако не си матурирала, врати се и заврши го тоа.
Земи ја дипломата! Дали си (сме) на факултет? Ако не си (сме), разбирам. Сме имале добри причини, нели? Не заборавај, денес ѝ е роденден на Алана, полни 11 години! Леле, 11? Во мое време имаше само 1 годинка! Не присуствував на таа роденденска забава зашто бев во Кренкс, Кентаки на моето прво мисионерско патување.
Има 6 дена откако се вратив! Кога сме кај тоа, како стоиш со Господ? Се молиш ли, Го почитуваш ли, ја читаш ли Библијата, си сторила ли нешто во Негова служба? Ако не, оди и направи нешто ВЕДНАШ!

Не ме интересира каде си и што правиш, направи нешто! Тој трпел исмевање, тепање, мачење и бил распнат на крст за тебе! Безгрешен човек кој никому не сторил ништо лошо!
Си била ли на мисионерски патувања? Си патувала ли надвор од земјата? Си летала ли со авион? Уште ли се емитува “Doctor Who”? Ако не, со каква регенерација заврши? Оди изгледај некоја епизода од “Doctor Who”!
Сепак, подоцна ќе мораш да ги читаш твоите мудри зборови! Имаш ли свое место за живеење? Ако сме на факултет, што студираме? Сега сакам да бидам адвокат. Си била во “Dollywood” скоро? Сега најнова атракција е Дивиот орел. Многу е забавно! Исто така, сакам да го продадам Ајпадот и да си купам Ајпад мини.
Не заборавај да им кажеш на твоите деца дека сме постари од таблетот. Покрај писмово, нацртав и цртеж од Ајпадот за да им покажеш како изгледал. Па, мислам дека тоа е сѐ. Запомни, поминале 10 години откако сум го напишала ова. Многу нешта се случиле; и добри и лоши. Таков е животот и мора да го прифатиш.
Искрено,
Тејлор Смит“
По нејзината смрт, родителите биле уништени од болка, но во нејзините работи нашле нешто што ги утешило барем малку – писмо кое Тејлор го адресирал

Пронајдете не на следниве мрежи: