Во општините не се доставени 150.000 елаборати потребни за легализација на дивоградби за кои е поднесено барање во 2011 година, иако рокот истекува на крајот на следниот месец.Директорот на Катастарот Славче Трпески, денеска, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека нема информација дали ќе се продолжи рокот, но апелира што поскоро да се достават елаборатите.
– Според податоците со кои располага Катастарот има повеќе од 150 илјади елаборати кои се уште не се доставени до општините. Затоа упатувам апел до сите граѓани и компании кои поднеле барање за легализација на бесправно изградени објекти, час поскоро да се јават до геодетските фирми со цел навреме да може да се изготват елаборатите, изјави Трпески.
Недоставените 150.000 елаборати се за предмети коишто се дел од 360.000 барања за легализација доставени на почетокот на процесот за решавање на правниот статус на бесправно изградени објекти, од март до септември 2011 година.
За новите околу 80.000 барања за легализација, доставени до 31 март годинава, како дополнителен рок овозможен со законски измени, елаборатите треба да се достават до крајот на следната година.
Од почетокот на процесот на легализација, според последните објавени податоци, правен статус добија над 150.000 нелегално изградени објекти.Директорот на Катастарот Славче Трпески, денеска, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека нема информација дали ќе се продолжи рокот, но апели