До крајот на годината 4.000 луѓе ќе останат без работа, 5 фабрики под клуч

 
До крајот на оваа година 4000 македонски граѓани ќе останат без работа и егзистенција.Вкупно 5 фабрики, две домашни и три странски инвестиции ставаат клуч на вратата и ќе ги отпуштат своите вработени.
Фабрики веќе најавија затворање поради игнорансткиот однос на новата влада на Зоран Заев, а процесот за ваквите нивни одлуки го забрзаа лошите макроекономски резултати, зголемените трошоци за работа и производство.
Штетните политики кои ги води владата на СДСМ, ДУИ и Алијанса ги бркаат инвеститорите кои веќе вложија во Македонија, но ги тераат и големите компании кои планираа да го вложат својот капитал во нашата земја да ја променат одлуката и да инвестираат во друга земја.
До неодамна, Македонија беше најпосакувана дестинација за инвестирање. Поволната инвестициска клима и соработката со претставници на поранешната македонска влада беа клучни фактори за голем број на компании од секаде во светот да инвестираат кај нас. Тоа резултираше со отворање на илјадници работни места.
Сега фактичката состојба е сосема спротивна на оваа. Владата на Зоран Заев наместо да привлекува, брка инвеститори. Со тоа станува директен виновник што огромен број на граѓани ќе останат без работа.
Поради игнорантскиот однос и незаинтересираноста на актуелната Влада предводена од Зоран Заев, неколку илјади граѓани ќе останат без работа.
 Вкупно 5 фабрики, две домашни и три странски инвестиции ставаат клуч на вратата и ќе ги отпуштат своите вработени.
Фабрики веќ

Пронајдете не на следниве мрежи: