Градоначалникот Сашко Николов денеска направи увид на она што досега е реализирано на проектите за изградба на канализациoните мрежи во населените места Калуѓерица и Воиславци.До крајот на месец август ќе биде целосно завршена реализацијата на проектите за изградба на канализационите мрежи во с.Калуѓерица и во с.Воиславци.
– Инвестиција од околу 900 илјади евра. Овие средства се обезбедени од Министерството за Транспорт и врски и Владата на Република Македонија, при што во оваа прилика јавно им се заблагодарувам за целокупната поддршка и финансирањето на овие проекти кои се од витално значење за жителите од населените места Калуѓерица и Воиславци – истакна Градоначалникот Сашко Николов.
Видео од изјавата на Градоначалникот Сашко Николов:До крајот на месец август ќе биде целосно завршена реализацијата на проектите за изградба на канализационите мрежи во с.Калуѓерица и во с.Воиславци