До крајот на овој месец оризопроизводителите кои во текот на јули го предале родот на трговците можат да поднесуваат барање за дополнителни субвенции. Потребните документи досега ги поднеле 60-тина земјоделци.Во подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кочани досега за дополнителни субвенции за ориз се пријавиле 60-тина земјоделци.
Оризопроизводителите кои во јули ја предале оризовата арпа од реколтата во 2015-та година ќе добијат од 3 до 5 денари за килограм во зависност од пријавените површини со оваа култура.
Земјоделците кои имаат земјиште до 2 хектари ќе добијат 5 денари за предаден килограм кај откупувачите. За 2 до 10 хектари имаат право на 4, а производителите со пријавено земјиште повеќе од 10 хектари со ориз ќе добијат по три денари за килограм.
Барања за субвенции за произведена и продадена арпа можат да се поднесуваат до 31-ви август.Во подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кочани досега за дополнителни субвенции за ориз се пријавиле 60-тина земјоделци.