Давачките на граѓаните и фирмите кон државата изминативе десет години се намалени дури пет пати. Согласно „Бизнис инсјадер“ Македонија денес е земја со најниска ефективна даночна стапка од 7,4 отсто.Ефективната даночна стапка го прикажува зафаќањето на државата од заработката на фирмите и граѓаните преку даноци. Согласно податоците на Светска банка во 2005 година ефективната даночна стапка во Македонија изнесувала 40,1%.
Во 2007 и 2008 година во Македонија беше воведен најнизок рамен данок во Европа од 10% на данокот на добивка и персоналниот данок. Ниската стапка на рамниот данок беше задржана дури и во услови на најголема светска и европска криза, во време кога другите земји ги покачуваа даноците.
Исто така, во континуитет беа имплементирани мерки со кои се намали даночниот товар на фирмите. На пример, во периодот од 2009 до 2015 за време и по светската економска криза фирмите беа ослободени од обврската за плаќање данок на нераспределената добивка, со цел да се подобри нивната ликвидност и работење. Данокот на добивка за фирмите изнесува до денес 0% ако се реинвестира добивката.
Намалени се и стапките за придонеси за пензиско и за здравствено осигурување. Стапката на придонесот за пензиско осигурување е намалена од 21,2% на 18%, а на придонесот за здравствено осигурување е намалена од 9,2% на 7,3%, придонесот за вработување од 1,6% на 1,2%. Воведен е систем на пресметување и плаќање на придонеси врз основа на бројот на сработени часови, со што е зголемена флексибилноста работодавците да ангажираат лица за сезонска и работа за која не е потребно полно работно време.
Во периодот 2006-2015 извршено е намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% на повеќе категории на производи и услуги со цел да се излезе во пресрет на барањата на фирмите за да се помогне нивното работење.Намалено е ДДВ-то за сурово масло за производство на храна, за туризам, за бебешка опрема и школски прибор, за добитиочна храна, за земјоделската механизација, за семенски и саден материјал, за ѓубрива, репроматеријал и средства за заштита на растенијата, за водата за наводнување на земјоделско земјиште, за изградба и прометот на станови, за компјутери и софтвер, за колектори и системи за сончева енергија, за градски и за меѓуградски автобуски и железнички превоз, за лекови и медицински помагала, и за комунални услуги.
-Преку ниските даноци, малите и средните претпријатија добиваат стотици милиони евра годишно. Државата не им го одзема она што тие го остваруваат како профит, па потоа преку прераспределба да им го враќа назад, туку им остава сами да раководат, вели вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.Ефективната даночна стапка го прикажува зафаќањето на државата од заработката на фирмите и граѓаните преку даноци. Согласно податоците на Светска б