До септември целосно внатрешно ќе биде реновирана Прилепската градска болница, најави министерот за здравство Никола Тодоров при денешната посета на болницата. Тој беше во обиколка и во контрола како течат работите.– Детското одделение е комплетно реновирано и има пациенти, кои имааат подобри услови за престој, а вроботените за работа. Ова комплетно реновирање доаѓа по 30-ина години и целиот зафат чини околу 70 милиони денари, изјави Тодоров и изрази задоволство од начинот на кој течат работите.
Секое одделение, додаде, ќе се реновира, за на крајот да се обноват операционите сали.
– Во тек е реновирањето на Невролошкото одделение, потоа одиме со сите катови за на крај да се заврши со операционите сали и до почетокот на септември да имаме комплетно реновирана болница, потенцираТодоров.
Директорот на Прилепската градска болница Петар Ристески посочи дека покрајреновирањето, болницат аи кадрвоски се доекипира.
– До 10 јуни треба да биде готово Интерното одделение, машкиот оддел. Болницата се доопремува, а и кадровски се екипира. Имаме 18 лекари на специјализација дома, уште тројца се на специјализација во Белград, а шест лекари се на специјализација со кофинансирање.– Детското одделение е комплетно реновирано и има пациенти, кои имааат подобри услови за престој, а вроботените за работа. Ова комплетно рено