До среда студено, од четврток дожд и снег

Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер.Претпладне во источните делови ќе има услови за повремен слаб снег, а од пладневните часови ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност.
Утринската температура ќе се движи од -3 до 3, а дневната од -1 до 5 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со умерен до краткотрајно засилен северен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од 0 до 4 степени.
Во среда наутро ќе биде многу студено, а преку денот ќе биде претежно сончево и без врнежи.
Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд ќе има од четврток. На повисоките планини ќе има и врнежи од снег.
Во четврток ќе дува повремено засилен југоисточен ветер, а од петок утринските температури насекаде ќе бидат позитивни.Претпладне во источните делови ќе има услови за повремен слаб снег, а од пладневните часови ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност.

Пронајдете не на следниве мрежи: