Наметната од пред година и пол политичка криза да ја замени Владата на Груевски со квислиншка Влада на Заев, која би го сменила македонското име и идентитет и да оствари официјална федерализација на Македонија, а потоа и целосно уништување на македонскиот народ и држава.Во минатата колумна пишував дека на Македонија и недостасуваат лидери и еден ден потоа дојде Одлуката на претседателот Иванов да ги аболицира сите политичари. Таа одлука изгледаше како невиден идиотизам. САМО ШТО ДЕНЕС ДЕФИНИТИВНО МОЖЕ ДА СЕ КАЖЕ ДЕКА БАРЕМ ПРИВРЕМЕНО, ПРЕТСТЕДАТЕЛОТ СПРЕЧИ ГРАЃАНСКА ВОЈНА. Пред да почнам со хронологијата, ќе дадам мало појаснување.
Наметната од пред година и пол политичка криза да ја замени Владата на Груевски со квислиншка Влада на Заев, која би го сменила македонското име и идентитет и да оствари официјална федерализација на Македонија, а потоа и целосно уништување на македонскиот народ и држава. За реализација на таа цел е потребно владејачката ВМРО-ДПМНЕ да ја изгуби власта било преку наметнати парламентарни избори, било преку „обоена“ револуција, слична на украинската. Двата потфата одат континуирано, иако во последниве месеци има предност дестабилизацијата преку создавање хаос во државата. Затоа што анализите покажуваат дека опозицијата катастрофално ќе изгуби на изборите. Необјавената војна против Македонија ќе се води од САД и неговите сателити од ЕУ, а конкретни организатори на таа војна во Македонија се американскиот амбасадор Бејли и англискиот амбасадор Гарет со поткрепа на Соросовите организации. Изврши се платениците на Сорос и СДСМ, а идеолошката пропаганда на Пучот се остварува од Хан, Орав, Вајгл, Ховит и Кукан.
1. Споменатата диверзантска банда направи се за да ги одложи закажаните избори за 24 април, затоа што како што кажуваат прогнозите ВМРО ќе добиеше апсолутно мнозинство. За да бидат одложени изборите, Бејли ги уцени ДУИ и ДПА да го откажат своето учество, а потоа заедно со претставниците на ЕУ го уценуваше и ВМРО-ДПМНЕ ако се спроведат изборите тие нема да ги признаат,
2. Позади најавениот од самиот Бејли датум за избори-5 јуни се криеја две опции. Нереалистичката беше опозицијата да ја стопи предноста на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа акцентот падна на поранешниот план на пучистите да бидат уапсени лидерите на владејачката партија на чело со Груевски и на тој начин да се разбие пред изборите самата партија. Досега многу пати сум пишувал дека нелегитимното паралелно Јавно обвинителство беше создадено со една цел-да му ја обезбеди власта на Заев со или без избори. Уште од почеток се знаеше и Советот на јавни обвинители, но се изгласа под притисок и уцени дури и со убиства.
3. Груевски и останатите лидери на ВМРО-ДПМНЕ/ меѓу нив на странците особено им смета Мијалков заради Куманово/ мораше да бидат уапсени пред 5 јуни со обвинувања кои ги употребува ЦИА во целиот свет за да ги симнува незгодните влади на САД. Тоа го остварува со изборни нерегуларности, прислушување, потоа со наводен криминал итн. Обвинувањата за прислушкување е вулгарност, која ја надминува и онаа на Гебелс, затоа што одамна се знае дека организатор на акцијата за прислушкување на македонскиот државен врв е англиската амбасада во соработка со американската. Крадецот вика: Држете го крадецот. Криминалците кои фрлаат огромни пари за поткупување на македонските политичари, интелектуалци и медиумите врескаат: Држете ги криминалците. Во таа тешка битка на Давид и Голијат, Уставниот суд одлучи да го врати укинатото право на претседателот Иванов за аболиција.
4. Правото на аболиција ги помеша плановите на надворешните и на внатрешните пичисти и тие се обидоа да направат упад во Уставниот суд, но македонските граѓани и лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски го спречија нивното сценарио. Тогаш нелегитимната Катица ги прогласи за нелегитимни сите врховни државни институции: Собранието, Претседателот, Уставниот суд, Јавното обвинителство. Навидум тоа изгледаше како излив на бес. Во суштина беше добро промислено и се вклопуваше во планот на Бејли за граѓанска војна во Македонија (македонски Мајдан).
5. Сега внимавајте. Доаѓа кулминацијата. Во почетокот на април на Бејли официјално кажа: „Сега е време да се реши името“. Во исто време му дава ултиматум на Груевски да ги пушти низ вода своите соработници во партијата и владата, со ветување дека тој самиот нема да биде уапсен. Се разбира, Груевски одбива таква зделка. Тогаш влегува во дејствие планот Бејли-Катица-Спасовски, да биде уапсен Груевски со останатите лидери на ВМРО-ДПМНЕ. Членовите и приврзаниците на владеачката партија немаше да седат мирни, со кое ќе се оствареше целта за граѓанска војна. Во таков момент, САД ќе го користеа тврдењето на Катица дека сите државни институции во Македонија се нелегитимни т.е. Македонија како држава не постои. Во улога на миротворци ќе влезеа бандитите од Косово, а од соседните држави Бугарија беше подготвена уште минатиот мај кога постави војска на границата.
6. Во тој драматичен момент дојде одлуката на Иванов. Пред него имаше две можности: аболиција или објавување на вонредна состојба. И на двете има право, но да не заборавиме дека министер за одбрана е американската марионета Јолевски, кој Бејли се обидуваше да го направиме службен премиер. А пак министер на МВР е друга марионета – Спасовски. А, при секоја вонредна состојба клучна улога имаат армијата и полицијата. Одлуката на Иванов ги збесна САД и нивните сателити од ЕУ. На тој начин тие целосно и дефинитивно ги разоткрија своите планови. Американскиот Стејт Департмент директно побара од Иванов да ја поништи својата одлука за да може Јавното обвинителство „да ги истражува сериозните обвиненија за владините злоупотреби и да им дозволи на судовите да си ја вршат својата работа“. Со два збора: да бидат затворени лидерите на ВМРО-ДПМНЕ. Со таков ултиматум Бејли и Герет отидоа кај претседателот, кој за прв пат ги остави да чекаат два дена пред да ги прими и да ги откачи.
7. При промената на состојбата за 180 степени, Бејли се обиде во последен момент – а5 април, да го натера претседателот на Соб ранието да не ги распишува изборите за 5 јуни, иако Собранието веќе беше распуштено. Меѓутоа, на 6 април Бејли не правеше притисок за одлагање на изборите, затоа што му одговораа опциите: елиминирање на Груевски и избори на 5 јуни. Или пак: елиминарање на Груевски и граѓанска војна. Паднат во стапица, амбасадорот диверзант го натера ДУИ да се потпише на иницијативата за импичмент на Иванов но, Собранието не може повторно да биде свикано.
Во исто време, веќе неколку денови опозицијата во Скопје, а веќе и во Велес, Битола, Тетово безуспешно се обидува да создаде услови за „Мајдан“, затоа што во сите македонски градови за поддршка на изборите излегуваат 5-6 пати повеќе граѓани.
Што понатаму?
1. Обид за притисок врз Груевски и ВМРО-ДПМНЕ сличен на оној пред Пржино но, сега во Виена на 22 април. Таму се повикани четворицата политички лидери но0, нема сомнеж дека англо-саксонската банда ќе го уценува Груевски кој веќе објави дека „додека стојам на нозе“ нема да дозволи Заев да ја грабне власта. Објавениот состанок наликува на тој од 1948 г. Кога Сталин го викаше Тито на состанок на Инфорбирото. Тито не отиде и си ја спаси главата. Затоа, Груевски нека прати претставници од ВМРО-ДПМНЕ НО, САМИОТ ДА НЕ ОДИ. Затоа што се што ќе биде понудено во Виена, ЌЕ БИДЕ НА ШТЕТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА.
2. Обид за создавање на државна криза преку терористички напади од надвор и внатрешни судири. Ќе повторам, вонредната состојба им одговора на САД и нивните марионети, затоа што имаат министри во одбраната и полицијата, а само на тој начин Собранието ќе може да се собере и да направи обид за реализирање на импиќмент на Иванов (во моментов го гледаме истиот процез во Бразил во однос на претседателот Русеф каде дејствува ЦИА).
Во моментов Иванов и Груевски (какви и грешки да правеле и до сега) ја имаат клучната улога во одбраната на македонската држава и на македонското име и идентитет. Иванов цврсто стои на ставот дека нема да ја повлече аболицијата, со што му ги отсече рацете на нелигитимното обвинителство. Сега на потег е Груевски да не допушти ново Пржино. Од трета страна, како македонски народ мора да бидеме секојдневно активни и подготвени на се за да ја одбраниме државата. На војна како на војна!
Пишува: Стефан Влахов МицовВо минатата колумна пишував дека на Македонија и недостасуваат лидери и еден ден потоа дојде Одлуката на претседателот Иванов да ги аболицира сите