Добил 10.000 долари на лото и тоа било почеток на неговиот крај

Ли Рајан  го привлекол вниманието на медиумите кога во 1995 година добил 6,5 милиони фунти (10,3 милиони долари) на лото за истата година да биде осуден поради трговија со крадени возила.Пред и потоа трошел пари на луксузни автомобили  од „ферари“, „бентли“ и „БМВ“ а купил и вила од  милион фунти во Лестершир, хеликопер и авион.
Денес, по низа погрешни инвестиции и трошење пари на скапи „играчки“,  овој  човек  живее во источен Лондон, во мал стан, кој го дели со бездомници.
Малерите зпочнале кога неговата помошничка завршила во затвор бидејќи му украла 40.000 фунти, а потоа под сомнителни околности му изгореле поршето и камп-приколката.
Подоцна се развел од сопругата Карен Тејлор,  и почнал да живее со 24-годишната студентка. Две години подоцна се преселиле во нејзината татковина во  Киргистан, каде по пропаднатата инвестиција за огледување риби во Кина, го потрошил и последниот „денар“.
„Тие пари беа проклети“
Парот подоцна се развел и тој се вратил во Лондон, каде две години водел живот на бездомник, а денес живее во мал стан, каде понекогаш им нуди престој на бездомниците.
„Тие пари беа проклети затоа што барав од Бога да ме направи милионер. Затвореникот со кого ја делев ќелијата ме предупердуваше да внимавам што посакувам“, вели Рајан, кој денес работи како камерман и годишно заработува помалку од 10.000 долари. Сепак, тврди дека е посреќен од било кога.
„Да не добиев на лото, денес веројатно би издржувал доживотна казна“, вели тој.Пред и потоа трошел пари на луксузни автомобили  од „ферари“, „бентли“ и „БМВ“ а купил и вила од  мил

Пронајдете не на следниве мрежи: