Писмо од редовен читател на „Doznajemo.com“ од Сараево кој сакал со јавноста да ги сподели своите лоши искуства за доставата на нарачаната роба и работата на царинската и поштенската служба во БиХ. Ви ги пренесуваме деловите од неговото писмо…„Досега со години наназад, месечно примам барем 10-тина ситници од Кина, но одеднаш престана да ми стигнува половина од нарачаната роба. Веднаш се посомневав дека се разбудил „лоповскиот синдром“ на царинската и поштенската служба…бидејќи еднаш добил пакет кој имаше трака од царински преглед а воопшто не беше отворен.
Отидов директно на царината на Поштата 2 кај железничката станица и ги прашав што се случува бидејќи ми беше сомнително и што сум првиот и единствен на листата за достава(за оние кои не се упатени, доставувачот може да го земе пакетот, да го замота со царинска леплива трака, делумично земена од некој друг пакет, да запише достава на копираниот евиденционен лист и да наплати 3,5 КМ со мој потпис, па парите да си ги стави во свој џеб), на што една од службеничките ми одговори дека тие тоа некогаш само го поминуваат низ прсти и тоа го важат како преглед а потоа наплаќаат 3,5 КМ-2КМ за преглед, пошта за себе 1,5 КМ…во буквален превод „наплаќаат такса за будали“!
А најпосебното е тоа што царината зема по 8КМ за било што и да пратите во странство, под изговор дека плаќате излезен царински преглед. Да, да добро прочитавте, еднинствената држава во светот во која се плаќа царинскиот преглед на она што го праќате во странство.
Сето ова е доволно да се посомневате во поштенската царина и нејзините службеници.
Доколку ги прочитате коментарите на жртвите на вакви работи ќе сфатите дека е можно дека многу од артиклите завршиле на сајтовите за продажба а трагата води до службениците, барем по она што еден коментатор го истражил за својата направата која имала и серијски број и која повторно ја откупил од крадците!
Секако, во случај доколку објавите дел од ова писмо, би сакал да не го споменувате моето име бидејќи веројатно ниту една пратка преку поштата нема да ми стигне , но не затоа што сум нечесен- вели овој човек. „Досега со години наназад, месечно примам барем 10-тина ситници од Кина, но одеднаш престана да ми стигнува половина од нарачаната роба. Ведн



