Според тврдењето на нејзините адвокати компанијата била крајно немарна во информирањето на потенцијалните купувачи на цигари за нивната штетност и влијание на здравјето.Синтија Робинсон, чиј сопруг починал од рак на белите дробови в 1996 година, добила за оштета 23,6 милијарди долари од втората по големина тутунска компанија во Америка.
Таа уште во 2008 година започнала правна битка против компанијата “RJ Rejnolds” а судењето траело 4 недели.
Според тврдењето на нејзините адвокати компанијата била крајно немарна во информирањето на потенцијалните купувачи на цигари за нивната штетност и влијание на здравјето.Сето тоа довело, како што тие тврдат, нејзиниот сопруг да добие рак на белите дробови. Тие навеле дека тој бил зависен од цигари и дека и покрај неколку обиди не успеал да се откаже од тутунот.
„Поротата со ова сака да испрати јасна порака до тутунските компании дека не можат да го лажат народот и властите во Америка за смртоносните хемикалии во нивните цигари“, рече адвокатот Кристофер Честнат.
Компанијата “RJ Rejnolds” планира да се жали на ваквата одлука.Синтија Робинсон, чиј сопруг починал од рак на белите дробови в 1996 година, добила за оштета 23,6 милијарди долари од втората по големина тутунска



