Добила отказ затоа што се онесвестила на работа

Не само што добила отказ, туку сега не може ниту да си ја подигне работната книшка.Една Белграѓанка добила отказ од ресторанот во кој работела затоа што и се слошило на работното место и се онесвестила. Кристина Крстиќ има проблеми со срцето, па логично е да и се слошува на работа.
Таа работела како слаткар во ресторанот Чачанин во Белград. Поради нејзината здравствена состојба, таа не поднесува високи температури, што и било причината за нејзиното онесвестување на работа.
Газдата на ресторанот, Милош Јовановиќ, не разговарал директно со Кристина, туку ја пратил секретарката да и соопшти дека договорот нема да и биде продолжен поради нејзината здравствена состојба и дека може да си оди од ресторанот.

 
Кога Кристина споменала тужба и медиуми, се вмешал газдата, велејќи и дека ја отпушта затоа што сака да го реновира ресторанот, па затоа подолго време ќе бил затворен. Тој рекол и дека никогаш не мислел да и го продолжува договорот на Кристина, што таа вели дека не е вистина. Кога на 4-ти Април се вработила во ресторанот, и било кажано да потпише договор до 30-ти Јуни, кој потоа ќе бил продолжуван.
Исто така, газдата и рекол дека не доаѓа предвид да и ја врати сега работната книшка, и и рекол дека мора да земе боледување до 30 Јуни, кога и истекува договорот. Кристина се прашува како да го изведе тоа, бидејќи таа нема на каква основа да оди на боледување.Една Белграѓанка добила отказ од ресторанот во кој работела затоа што и се слошило на работното место и се онесвестила. Кристина Кр

Пронајдете не на следниве мрежи: