Добиле дете и нејзиниот маж исчезнал, по 30 години го видела во весник и…

Џеки и Боб се запознале за време на демонстрациите во борбата за заштита на животните. Таа била една од активистите, а тој полицаец на тајната служба испратен за набљудување.Изгледал симпатично и харизматично. Се запознале и брзо се спријателиле.
Наскоро почнале и заедно да живеат, но без да се венчаат, наводно затоа што тој не го поддржувал бракот како институција.
Но, вистината е дека тој веќе бил во еден брак и имал две деца. Џеки тоа не можела ни да го претпостави, бидејќи додека бил со неа се однесувал премногу грижливо и посветено. Нејзината мајка дури го фалела колку добро менува пелени, а тој всушност имал искуство во тоа.
Присуствувал на породувањето на Џеки и делувал како целосно да ѝ се предава.
Сè до еден момент кога ѝ соопштил дека веќе е откриен каде се наоѓа и не може во тајност да ја врши работата, па мора да оди во Шпанија.
Оттогаш веќе не го видела…

 

Колку и да го барала не можела да го најде Боб Робсон, бидејќи тој и не постоел. Човекот со кој била таа бил Боб Ламберт кој е женет и татко на две деца.
Но, сето тоа го дознала откако ја видела неговата фотографија во весниците.
Во меѓувреме таа повторно се омажила за друг и родила уште едно дете, но тој сопруг брзо починал поради болест.
Наскоро запознала и трет маж со кој добила трето дете, но и со него се разделила.
Штом го видела Боб во весниците го побарала неговиот број и му се јавила за да го праша зошто баш неа ѝ го направил тоа.
Тогаш успеала да разговара и со неговата прва жена која ѝ соопштила дека двете деца ѝ починале од наследна срцева болест, со совет да си го прегледа синот да не ја има истата болест од Боб.
За среќа, нејзиниот син ја немал. Од сите информации Џеки била шокирана, но не сакала да го изгуби целосно контактот со Боб.
Тој го запознал својот син пораснат и возрасен маж и ѝ испратил порака на Џеки дека одгледала добар човек.
Од тогаш, Боб се обидува да го надомести своето отсуство од животот на синот. Џеки не го мрази и признава дека секогаш ќе биде дел од нејзиното семејство, бидејќи е татко на нејзиниот син. Верува дека имало љубов и сè уште ја има. Единствено што ја боли е тоа што целата вистина ја дознала преку весниците.Изгледал симпатично и харизматично. Се запознале и брзо се спријателиле.
Наскоро почнале и заедно да живеат, но без да се венчаат, наводно

Пронајдете не на следниве мрежи: