Добиле на лото, се развеле, тој нашол нова девојка и се случил интересен расплет

Поранешните сопружници Џилијан и Адриан  Бејфорд од Сафолк во Велика Британија се познати како  двојни добитници на најголемите награди на лотарија Еуромилионс. Познати се и како пар кој 15 месеци по добивката се развел. А и после разводот во нивните животи не недостасувало возбудување.Адријан во јануари минатата година ја запознал 16 години помладата Саманта  во еден паб. Три недели по запознавањето со него, таа ја напуштила работата  и се преселила  близу неговата куќа.
Набрзо започнале врска, а потоа и заеднички живот во неговата вила вредна 8.1 милион евра. Не поминало многу време, Адријан ја запросил Саманта.
По романтичното патување следело купување ергела во Норфолк. Тоа ги изненадило сите негови пријатели бидејќи  пред познанството со Саманта него не го интересирале коњи.
Сепак, тие го оправдуваат таков потег.
„Парите треба да се вложат во нешто, зошто да не вложи во нешто што ја интересира Саманта?“, порачал пријател на Адријан.
Ергелата „Forest Edge Arena“ има богата содржина, а кога ќе влезете на сајтот  на оваа ергела, ве чека порака со следната содржина:
„Саманта и тимот ви посакуваат  срдечно добредојде во „Forest Edge Arena“. Имаме внатрешна арена и арена на отворено за сериозни јавачи, како и содржина за оние  кои само сакаат да гледаат случувања и да уживаат  во шолја чај покрај оган.

 
На она што ја интересира Саманта, Адријан  до сега  потрошил 2,7 милиони евра. Неговата поранешна сопруга  изјавила дека  разводот немал врска со трета личност, туку  дека парите ги промениле.
„Кога ќе добиете на лото, тоа е многу стресно. Многу работи се случуваат. Некогаш во животот морате да тргнете понатаму. Сега давјцата сме среќни“, вели Адријан.
Адријан во јануари минатата година ја запознал 16 години помладата Саманта  во еден паб. Три недели по запознавањето со него, таа ја напуштила

Пронајдете не на следниве мрежи: