Услугата на интернет апликацијата Вибер и понатаму е бесплатна, а пораката која поголем дел од корисниците ја имаат добиено за наплата на услугата не потекнува од апликацијата, соопшти компанијата „Вибер за Централна и источна Европа“.- Вибер им овозможува на своите корисници ширум светот да бидат бесплатно во контакт. Разменувајте пораки, зборувајте, уживајте во игри и разменувајте содржини со пријателите и членовите од семејството каде и да се наоѓате (без ограничување), беше наведено во соопштението.
Дел од корисниците од Македонија и Србија имаат примено спам порака со предупредување дека од оваа недела Вибер ќе почне да ги наплатува услугите.
Во пратената порака беше дадено и барање примачот да покрене синџирна порака кон што поголем број од своите контакти со иста содржина за да бидат „препознаени“ како активни корисници со што би им се овозможила понатамошна бесплатна употреба на Вибер.
По тој повод, компанијата „Вибер за Централна и источна Европа“ објави дека информациите од таа порака се малициозни и дека не потекнуваат од нив.
Преку 664 милиони корисници ја употребуваат оваа платформа.- Вибер им овозможува на своите корисници ширум светот да бидат бесплатно во контакт. Разменувајте пораки, зборувајте, уживајте во игри и разменува