Добој повеќе не е во опасност: Водата се повлече но остана тиња по улиците!

Во градот Добој, кој беше погоден од поплавите, водата денеска се повлече, но низ градските улици остана големо количество на тиња и во тек е санирање на теренот, објавија медиумите во Република Српска.Добој повеќе не е во опасност од поплави, а по повлекувањето на водата жителите чистат, го исфрлаат мебелот и калта од надојдената вода во претходните денови. 
Постојано се доставува вода за пиење, храна и останати потребни намирници.
Повозрасните жители на Добој, кои ги паметат поплавите од 1965 година, велат дека водената стихија не била ниту блиску до катастрофата која ја преживеале претходните денови.

Републичките и локалните власти апелирале до граѓаните да им помогнат на полицијата, војската, пожарникарите и припадниците на Цивилната заштита при расчистувањето, со цел што побрзо да се започне со дезинфекција и дератизација на целото подрачје и да се спречат зарази и болести. Добој повеќе не е во опасност од поплави, а по повлекувањето на водата жителите чистат, го исфрлаат мебелот и калта од надојде

Пронајдете не на следниве мрежи: