На Стариот Контитент се наоѓаат бројни преубави градови кои нудат сè, а сепак се одликуваат со “евтин живот”.Секако, пред да се запрашате како Барселона се наоѓа помеѓу најевтините градови во Европа, во прашање е истражување во кое е вклучена една многу битна ставка, а тоа се просечните плати и заработки во тие градови.
Секако, тука се вклучени и цените на намирниците, рестораните, киријата, транспортот, но сето тоа според просечните месечни примања.
7. Барселона
Една од најпопуларните дестинации во Европа постојано привлекува голем број на туристи од целиот свет, но и луѓе кои доаѓаат во потрага по подобра работа. Секако, доколку ја посетите Барселона како турист, ќе ви се чини дека не е сè така евтино, но со оглед на високите примања на жителите на овој град, трош
6. Лисабон
Иако тука платите не се посебно високи, истражувањето покажува дека ниту цените не се високи. Престолнината на Португалија е преубава, преполна со богата историја и вечно сончева, што ја прави едно од најдобрите места за живеење.
5. Атина
Грција во последните неколу години е во огромна економска криза и поради тоа не се живее толку добро како пред десетина година. Но, доколку имате солидна работа, Атина е прилично поволно место за живеење.
4. Талин
Главниот град на Естонија често се наоѓа на листата на најдобри туристички скриени атракции. Имено, овој град изобилува со прекрасна архитектура, а животот во него воопшто не е скап. Плус, просечните плати се во постојан пораст.
3. Солун
Повторно Грција – Солун нуди големи можности за вработување со тоа што се работи за големо пристаниште. Исто така, Солун е и значајно туристичко место, благодарение на бројните музеи и историски споменици.
2. Порто
Порто се одликува со силна гастрономска сцена, а посебни деликатеси се рибјите специјалитети. Во околината на градот се наоѓаат многубројни плажи, а Порто навистина изгледа како место кое е пожелно за живот.
1. Тарту
Првото место го зазема најголемиот универзитетски центар на Естонија, градот Тарту. Со нешто повеќе од 100 илјади жители, тој се смета за интелектуална престолнина на државата. Со Тарту некогаш владееле Полјаците, Швеѓаните и Русите, но од 1991 година и естонската независност на градот, тој непрестајно се обнонува и “дотерува”, така што доколку се одлучите да го посетите, нема шанси да не се вљубите во него.
Секако, пред да се запрашате како Барселона се наоѓа помеѓу најевтините градови во Европа, во прашање е истражување во кое е вклучена една многу би