Дода: Под итно да се соберат сеалбанските политички сили и да помогнат Илирида да одржи референдум

Со ставање на маса и со тргувањето на државните и националните интереси, Зоран Заев и СДСМ ја отворија Пандорината кутија за големоалбанските интереси. Тоа доведе до голем број антимакедонски изјави кои директно задираат во единството на националното ткиво. Големоалбанските интереси ги потенцираше и албанската пратеничка Мосила Дода од партијата PDIU, која е во коалиција со Социјалистичката партија на Еди Рама. Таа е една најголемите поддржувачи на Тиранската платформа која ја потпишаа албанските партии од Македонија, а која лидерот на СДСМ безусловно ја прифати.
Таа го негира македонскиот идентитет, велејќи дека „под итно да се соберат сеалбанските политички сили и да помогнат Илирида да одржи референдум за прогласување на самостојност“.
-Ќе кажам два збора на крајот од ова мое излагање и за една покраина која ми стои во срцето, таа е земјата наспроти Илирида, стара албанска покраина на која денеска и името сме и го заборавиле и некои ја вика Македонија, некои ја викаат ФИРОМ, ние пак ќе повториме Илирида. Ви се обраќам, од тука, од албанската страна на граница, но не се сомневајте за многу брзо ќе се обратам и од другата страна на границата. Нема да може Иванов, Груевски или некој друг анти-Албанец да си игра со животите на тамошните Албанци и да ја претворат во европската Палестина. Албанците од Илирида треба да бараат целосни права доколку Заев се повлече и доколку претседателот што го потпиша крајот на својата држава не даде оставка, треба под итно да се соберат сеалбанските политички сили и да помогнат Илирида да одржи референдум за прогласување на самостојност. Оваа држава без никакво значење не може да ја пронајде својата причина за постоење во злоупотребата и непочитувањето на правата на Албанците од Скопје, од Тетово, од Гостивар, од Охрид и од Струга. Завршениот претседател на Македонците им се закани на Албанците со војската на оваа фантом држава. Тој знае дека оваа војска има повеќе албански синови на албански мајки кои не вртат пушка против својот брат Албанец. Албанците од УЧК на Шара вчера се изјаснија дека по секој ацена ќе ја бранат Иллирида ние денес им кажуваме, не сте сами Албанија е со вас! Татковината ќе ве поддржува без сомневање. Јас сум претставник на политиката што не бара рушење, не бара насилство, но бара гордост, благосостојба и соединување. Ние заедно може да успееме, ние заедно може да ја одбраниме светата земја Илирида. Таа е албанска и ние заедно имаме една нација, имаме еден став и имаме една татковина од „Превез“ до „Molle e Kuqe“ Албанија на четирите вилаети, Албанија на 8-те милиони Албанци, вели Дода.
Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ денеска истакна дека ова однесување е срамно, недостојно и мора да запре.
– Зоран Заев и СДСМ мора час поскоро да ја сфатат сериозната закана за Македонија која постои од Тиранската Платформа, посочи Данев, додавајќи дека Зоран Заев и СДСМ колку и да се уценети за своите криминали треба да застанат зад унитарна и мултиетничка Македонија, а не да најавуваат дебати и експертизи на партиски експерти за точките од Платформата.
За потсетување, Антонио Милошоски вчера изјави дека Дода треба да се прогласи за персона нон грата.
-Она што го гледаме е резултат на виткањето на кичмата на некои политичари во Македонија и давањето поголема сила на странски фактори отколку на домашните кога се работи за иднината и суверенитетот на Македонија, истакна Милошоски.
За изјава на Дода се огласи и Министерството за надворешни работи, осудувајќи ги јавните настапи со навредлива и со запалива реторика на официјални лица на Република Албанија, кои се однесуваат на Република Македонија.
– Неодговорните изјави на јавни личности, кои, по својата функција, налагаат и подразбираат одговорност за јавно искажаниот став, не се во духот на добрососедските односи и декларираните заложби за пријателство и за соработка меѓу двете земји и особено не се во духот на европските вредности, се вели во соопштението од МНР.
Осуда за ваквата реторика на официјални лица на Албанија стигна и од познати аналитичари од регионот.
-Коалицискиот договор помеѓу наследниците на македонските комунисти и албанските партии, не само што е вовед во распрачување на Македонија, тоа е и темпирана бомба која се заканува да го запали целиот Балнкан, пишува српскиот аналитичар и главен уреднк во „Национална ревија“, во Политика, Мишо Вујовиќ.
Според него, точката во Тиранската платформа со која СДСМ прифати да се осудат Србите за наводен геноцид над Албанците во периодот од 1912 до 1956 година не е случајност.
Аналитичарот Чедомир Антиќ пак во колумна под наслов „Македонија – опстанок или исчезнување“, пак, пишува дека Македонија е во криза, односно дека продолжува агресијата и трагедијата на која сме жртви повеќе од четвртина век и дека само неупатен и злонамерен може да каже дека оваа криза не се однесува и на Србија.
-Во Македонија во тек е конфликт чии последици ќе ја одредат нејзината судбина дали ќе преживее или исчезне. Дали во иднина во Македонија, група албански клан шовинисти ќе го одредуваат уставот, политиката и симболите на оваа земја? Пред два месеци во Тирана, под покровителство на премиерот Еди Рама – човекот кој во Србија многу добро познат по цинизам и непристојно однесување е потпишана “Тиранската платформа”, пишува Антиќ.
Тиранската платформа беше потпишана по парламентарните избори на 11 декември од страна на албанските партии во Македонија. Покровител на оваа платформа беше токму албанскиот Премиер, Еди Рама.Големоалбанските интереси ги потенцираше и албанската пратеничка Мосила Дода од партијата PDIU, која е во коалиција со Социјалистичката партија на

Пронајдете не на следниве мрежи: