Додека хакер се соочува со казна затвор од 16 години, американскиот правосуден систем пушта силувачи на слобода

Познатиот светски хактивист Дерик Лостатер, кој ја хакираше спортската фан страница на средното училиште Стајбенвил за да добие инкриминирачки докази против двајца ученици силувачи, сега се соочува со казна од 16 години затвор.Учениците Трент Мејс и Малик Ричмонд, кои беа прогласени за виновни за силување на несвесна 16-годишна девојка, отслужија минимална казна од 2 години и десет месеци.
Немилиот настан се одиграл во август 2012 година. Силувањето, кое беше објавено на социјалните мрежи, испровоцира дебата за прагот на толеранција кон културата на силување, откако на уште еден силувач му беше доделена казна од 3 месеци затоа што е надежен пливач. Станува збор за Брок Тарнер.
Хакерот обезбеди круцијални докази кои помогнале да се осудат Мејс и Ричмонд, но тој и уште еден негов пријател кој исто така е хакер – Ноа Мекхјуг, откриле дека постоеле обиди за заташкување на криминалното дело.
Тренери, вработени во училиштето, дури и обвинители биле вмешани во процесот на заташкување.
Наместо да му се оддаде почит на Лостатер кој успеа да спречи двајца силувачи повторно да не нападнат некоја девојка, агенти на ФБИ биле пратени во неговиот дом и недолго потоа бил уапсен и обвинет.
Според американскиот закон и пропустите во него, хакирањето на вебсајт е полошо од силувањето.
Тајмингот на овој случај се совпаѓа со трендот на Викиликс и Џулијан Асанж, кои објавуваат документи за корумпираноста и валканата политика на Америка. Секако и тука постојат обиди за заташкување, префрлајќи ја вината на руските разузнавачки служби.
Благодарение на тоа што држат повеќе мејнстрим медиуми во своите раце, продолжуваат да се подгреваат теориите на заговор за појава на нова Ладна војна, отколку да се објавуваат вести со содржина за корумпираност на системот, помилување на силувачи и перење пари на Фондацијата Клинтон.
Хајката против свиркачите, објавени документи, хакирања и најесецијалната работа – вистината, зема сѐ поголем замав. Испадна дека разоткривањето на криминалот е посериозен престап отколку самото криминално дело.Учениците Трент Мејс и Малик Ричмонд, кои беа прогласени за виновни за силување на несвесна 16-годишна девојка, отслужија минимална казна од 2 годи