Додека на Дурловски, Илиевски, Чавков, Јовановски, Дамовски и шесте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ им е изречен ефективен притвор и се третираат како терористи, убијците на четири момчиња и еден маж излегуваат на слобода.Врховниот суд вчера одлучи обвинетите од „Монструм“ веднаш да бидат пуштени на слобода!
Ова е скандалозна одлука на партизираното судство на СДСМ.
Во соопштението стои дека обвинетите Агим Исламиловиќ, Фејзи Азири, Тахи Азири и Сами Љута им се опредуваат мерки за претпазливост, забрана да го напуштаат градот и два пати неделно да се јавуваат во Кривичен.
Минатата недела, Врховен ја укина пресудата за „Монструм“ и го врати предметот на повторно судење во Кривичен. Но, неделава од Кривичен повратно им го вратија предметот на Врховен, за тие да одлучат да за мерките.
– Врховниот суд на Република Македонија донесе решение по предметот Вкж2 бр.3/2016, познат во јавноста како „Монструм“, со кое на обвинетите А.И., Ф.А., Х.А. и С.Љ. им се определени други мерки за претпазливост, и тоа забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, како и редовно јавување пред Основниот суд Скопје 1, два пати неделно, а обвинетите веднаш се пуштаат на слобода, соопшти вчера Врховниот суд.
Шест лица беа осудени во „Монструм“ на казна доживотен затвор под обвинение за тероризам. На 24 ноември Врховниот суд на Република Македонија ги уважи жалбите на одбраната за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Првостепената и второстепената пресуда за предметот се укинати и се враќаат на повторно одлучување во Кривичниот суд.
На 12 април 2012 година кај Смилковско Езеро беа убиени четири момчиња и еден рибар.
Едните влегоа во Собрание за да ја одбранат демократијата, другите ликвидираа пет лица. За судството на СДСМ, патриотите треба да бидат прогласени за терористи, а монструмите да бидат на слобода.
Оние кои ги теретат за тероризам во Собранието на 27-ми април влегоа од патриотски побуди. Тој ден во македонското Собрание се пееше албанската химна, а веднаш потоа Талат Џафери беше на нелегитимен начин прогласен за втор човек во државата.
Врховниот суд вчера одлучи обвинетите од „Монструм“ веднаш да бидат пуштени на слобода!
Ова е скандалозна одлука на партизирано