Додека спасувал други, лицето му изгорело: По оваа трансплатација овој пожарникар влегува во историја

Пожарникарот чие лице изгорело додека се обидувал да спаси  луѓе од пожар конечно доби ново лице.Патрик Хардисон (41) бил тешко повреден кога над него се срушил кровот од запалена зграда во 2001 година. Во таа прилика ги изгубил капаците, ушите, усните, поголем дел  од носот, косата и веѓите. Последиците од повредата биле страшни. Не можел да ги затвори очите целосно бидејќи капаците му изгореле.

Долго време чекал да се појаву донатор со  соодветна крвна група, кожа и светла коса. Се до ова лето кога велосипедистот Дејвид Родебо (26) настрадал во несреќа.

Њујоршкиот медицински центар објавил дека ја извеле најсложената трансплатација на лице во историјата.
Повеќе од 100 доктори, сестри, и останат персонал учествувале во 26- часовна операција во средината на август месец и тоа после долги подготовки кои  траеле скоро година дена.

 
Со операцијата Патрик добил ново лице, чело, уши и ушни канали и одредени количини коски на брадата, образите и носот. Сега исто така има и нови  капаци, но и  мускули со помош на кои може да трепка, што значи дека конечно може нормално да ги затвори очите.

За успехот на операцијата најзаслужен е Едуардо Родригез кој до сега направил повеќе од 70 операции.
Трансплатациите во последно време се чести во болниците ширум светот. Така  во март, во една болница во Шпанија на 45- годишен пациент  успешно му бил реконструиран долниот дел на лицето, вратот, устата, јазикот кои биле драстично деформирани од тешка болест.Патрик Хардисон (41) бил тешко повреден кога над него се срушил кровот од запалена зграда во 2001 година. Во таа прилика ги изгубил капаците, ушите

Пронајдете не на следниве мрежи: