Додека стојам нема да ти дозволам да дојдеш на власт без поддршка од мнозинството граѓани

Зоран Заев има една и единствена цел да дојде на власт без поддршка на мнозинството граѓани на Македонија. Додека стојам нема да ти го дозволам тоа, ни јас ни народот. И самиот си свесен дека народот сака да заврши кризата, престани да ги организираш хулиганите да го реметат мирот на гражѓаните. Собери еднаш храброст и излези да се соочиш со народот на избори, на фер и демократски избори. Доста бараш изговори.
Ова му го порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на лидерот на опозицијата Зоран Заев на денешната прес-конференција.
-Ги повикувам СДСМ наместо да бараат алиби да излезат на избори. Ако аргументите им се реални, народот ќе им го вреднува тоа. Ги повикувам да излезат на избори и на народот да му дадат шанса да одлучи кој да биде власта кој опозиција. И покрај тоа што не се согласуваме со одлуките на претседателот во духот на она што го кажа, повикуваме на заедничко делување во корист  на иднината на земјата и граѓаните, истакна Груевски.
Народот очекува од нас, додаде тој, со смирени глави и мудри одлуки да делуваме за доброто на граѓаните.
-Изминативе два дена гледаме вандализам и намера за продлабочување на кризата од страна на СДСМ. Додека неговите луѓе организираат насилство, тој ладнокрвно повикува на конструктивност, а веќе во втората реченица спомнува дека на државата и следи украинско сценарио, што значи илјадници мртви и повредни, вртоглав пад на економијата и други тешки последици.
Ова му го порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на лидерот на опозицијата Зоран Заев на денешната прес-конфе

Пронајдете не на следниве мрежи: