Извори за порталот Денешен.мк од судот тврдат дека во просториите на Основен 1 биле забележани двајца дипломати од американската амбасада и еден македонски државјанин кој пристигнал заедно со нив.Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, во вчерашната изјава за медиумите рече дека по спектакуларната прес-конференција на СЈО примил неколку луѓе кај него, меѓу кои и претставници на странски делегации, додавајќи дека не знае нивното место што било таму, односно тие треба да одговорат подетално околу тоа прашње.
-Значи по една таква спектакуларна прес конференција на Специјалното обвинителство, можам да кажам и дека дента примив неколку луѓе кај мене, беа и претставници на странски делегации на Република Македонија. Исто така беше и еден јавен обвинител кој што постапуваше по предметот уште пред да биде поднесен во судот. Така да мислам дека моето место беше таму кај што бев. А, не знам нивното место што било таму, така да нив ќе ги прашате за тоа подетално, рече Панчевски.
Според сознанија до кои дојде Денешен, автомобил со дипломатски таблички бил забележан во близина на судот откако градоначалникот на општина Пустец Едмонд Темелко бил донесен на сослушување во Основниот суд Скопје 1.
Наши извори од судот тврдат дека во просториите на Основен 1 биле забележани двајца дипломати од американската амбасада и еден македонски државјанин кој пристигнал заедно со нив. Дознаваме дека едниот од дипломатите е токму политичкиот советник на актуелниот американски амбасадор, но дополнително ги проверуваме информациите кои се останатите лица.
Засега не успеавме да дознаеме која била целта на посетата на луѓето од американската амбасада со оглед на тоа што не е секојдневна практика некоја амбасада да се појавува во суд додека таму се постапува по чувствителни предмети како што беше барањето за притвор на единствениот македонски градоначалник надвор од земјава.
Не успеавме да пронајдеме по интернет информации за таква практика ниту во регионот ниту пошироко во Европа, а зачудува фактот што нема ништо објавено ниту од страна на американската амбасада доколку станувало збор за официјална средба. Единствено во вчерашната изјава претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, Владимир Панчевски потврди дека кај него имало странска делегација.
Дознаваме дека дел од овие лица, остварувале чести контакти и со Специјалното јавно обвинителство и во неколку наврати биле гости на Катица Јанева.
На сајтот на американската амбасада нема никаква официјална информација или потврда и за овие средби , така што единствено останува јавноста да се потпре на твитер статусите кои ги објавува амбасадорот Џес Бејли.Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, во вчерашната изјава за медиумите рече дека по спектакуларната прес-конференција на СЈ