Пред камерите на домашната јавност Зоран Заев глуми конструктивност и апелира на човечност и расчистување на состојбата на терен, а кога камерите ќе се угасат на сцена стапува деструктивноста на СДСМ и нивните секогаш спремни црни сценарија, пренесе Инфомакс.Најпрво вчера невладините на СДСМ и Сорос по диктат на Заев за денес најавија организирање протест, наместо да се на терен како и цела Македонија и да учествуваат на повиците за мобилизација за да им се помага на настраданите.
Денес, црното сценарио на СДСМ продолжи да се развива. На фан-страницата на фејсбук на Заев и на веб-страницата на СДСМ утрово се појави писмо од бугарската Социјал-демократска партија адресирано до Зоран Заев во кое претседателот на оваа сестринска партија на СДСМ, Александар Томов, на Заев му изразува сочуство во врска со жртвите и настраданите во големото невреме во Скопје. Писмото не е преведено на македонски јазик ниту на страницата на СДСМ ниту на фан-страницата на Зоран Заев.
Во писмото потпишано од Александар Томов, со чуден датум од 23.06.2015, во кое тој на милозлив тон му се обраќа на Заев, стои дека претседателот на бугарските социјал-демократи „го дели ставот на претседателот на СДСМ дека загубите од природната непогода можеле да бидат многу помали доколку Владата си ја завршила работата од областа на инфраструктурата и хидро-инженерството“.
Каде лежи зајакот? Заев деновиве имаше неколку изјави и во ниту една од нив не упати критика кон власта на каква се повикува Александар Томов од Бугарските социјал-демократи. Токму спротивното, Заев лажно апелираше на конструктивност, хуманост и помош, како и дека наместо критики и барање виновници треба да се работи на терен и да им се помогне на граѓаните.
„Апелирам до сите граѓани, во овие тешки мигови, да се воздржат од било какви препукувања по социјалните мрежи, јавно жигосување и барање виновници. Време за анализи ќе има.Сега е време да му се помогне на Скопје и скопјани“, изјави Заев на 07.07.2016.
Ден подоцна претседателот на СДСМ повторно лажно повика на истиот пристап, очигледно изигрувајќи загрижен и хуман граѓанин: „Прво, да кажам дека не е време ниту за критики, ниту за некои посебни други активности, не е време ниту за сликање, ниту за посебни изјави.“
Денес, на 09.08.2016, ова писмо кое доаѓа од Бугарија е очигледно нарачка на Заев во која тој си го покажува своето вистинско некрофилско лице препознатливо за СДСМ – во секоја трагедија прво нешто на агендата на СДСМ е собирање на ситни политички поени, а не помош на граѓаните и фамилиите на граѓаните кои настрадале во трагедијата.
Минатата година ден по настаните во Диво Насеље Заев и Оливер Спасовски отидоа на местото каде што гинеа македонските бранители неколку часа претходно и се сликаа селфи, насмеани и гушнати со локалното албанско население за чии гласови Заев е заинтересиран. На самиот ден на случувањата во Диво Насење, функционерите и активистите на СДСМ со потсмев и најдолен цинизам зборуваа за акцијата на специјалните сили во која загинаа 8 македонски херои. За Шилегов, силите на полицијата „си играле Камај“, а СДСМ-овецот Бранко Тричковски им пишуваше дека „кој не стигнал да загине денес, ќе има наредна прилика“.
Беше само прашање на време кога некрофилизмот на СДСМ ќе стапи на сила и после катастрофалното и невидено невреме во скопско, за кое УХМР соопшти дека има веројатност да се случи еднаш на илјада години. Сега дојде како нарачка на Заев од Бугарија да се критикува Владата избрана со мнозинство од македонските граѓани. Она што Заев нема храброст да го каже дома, го нарачува од неговите источни браќа.
Инаку, јавноста памети дека неодамна Заев се сретна со Александар Томов кој во Скопје дојде со претставник на бугарските социјал-демократи од Ќустендил, Јордан Чипев кој во Бугарија, но и во Македонија е познат по фалсификување на документи, лажирање на избори и нелегално поседување на забранети материјали. Јордан Чипев според бугарските медиуми во 2013 година бил приведен во полициската акција во Ќустендил при разбивање на група која изработувала фалсикувани документи, патни исправи и пари, а во 2008 година кај Чипев бил откриен 200 грама синтетички наркотик.
Во 2007 година Чипев беше осуден на 6 месеци условно од судот во Крива Паланка за фалсификување на исправи за возило. Исто така во 2006 година беше замешан во шверц на 33 штеки цигари кои нелегално се обидел да ги внесе од Македонија во Бугарија преку граничниот премин Ѓуешево. Чипев беше сомничен дека во 2015 година спротивно на законот се обидел на листата за општински советници од неговата партија да вметне имиња на Македонец и Србин кои не биле жители на Ќустендил.
Се чини дека Заев повторно ги користи своите врски со криминалците од целиот Балкан, овој пат од Бугарија, за да ја реализира својата агенда и црна некрофилска кампања во Репулика Македонија.
Пред камери се обидува да глуми хуман и човечен, а зад нив организира протести и нарачува хајки од Бугарија против изборот на македонските граѓани.Најпрво вчера невладините на СДСМ и Сорос по диктат на Заев за денес најавија организирање протест, наместо да се на терен како и цела Македонија и