Додека Заев се дереше и ветуваше живот, почина ново дете на Детска клиника

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев синоќа на митингот во Скопје се дереше и ветуваше живот, а трагедиите во здравството секојдневно се зголемуваат.Дрско е и арогантно премиерот да ветува подобар живот додека бебиња и деца умираат во македонските клиники кои сега се во надлежност на неговата Влада.
Две ипол годишно дете од Велес почина вчера на Детска клиника.
Детето пред два дена било хоспитализирано на одделот за неврологија со симптоми на губење свест, односно тешка општа состојба со знаци на сепса и менингитис.
Поради овие симптоми и влошувањето на состојбата на детето според информации од Министерството за здравство, проценката на докторите била тоа да биде префрлено на интензивната нега на Клиниката за детски болести.
Според неофицијални информации, детето веднаш не било пренесено на интензивната нега бидејќи немало место. Веќе Канал 5 објави дека токму на интензивната нега се располага само со шест места за итни деца, за што добивме и потврда од шефот на одделот Лилја Којиќ.
Раководството на клиниката и Министерството за здравство ги отфрлаат овие информации како шпекулации.
Низа трагедии во здравството, Заев си тера кампања
Случајот со починатото детенце на Детска клиника е само една од низата трагедии кои ја потресоа цела јавност, откако Заев е премиер, а неговите луѓе се поставени како директори на клиниките.
Додека премиерот Зоран Заев си тера кампања, во македонското здравство се случува вистински хорор и хаос. За жал, смртните случаи во болниците стануваат се почеста појава, никој од одговорните се уште нема понесено никаква одговорност.

Минатата сабота во тетовската болница почина триесетгодишна родилка, а неколку дена подоцна почина и бебето, кое беше беше префрлено во Детската клиника во Скопје. На родилката која заврши трагично во тетовската клиника ова и било втора бременост.
Шест дечиња ги загубија животите за само неколку дена во месец август. Четири новороденчиња починаа на ГАК, две ипол годишно детенце во Охрид и 7-месечно бебе во Струга. Црниот биланс е поголем. Вкупно 9 дечиња ги загубија животите за само два месеци.
Политички поени на грбот на починатите деца!
Додека повеќе семејства се завиени во црно откако децата им починаа, Заев си собира политички поени на митинг говорејќи за Мерцедесот.
На синоќешниот митинг најави дека со парите од овој автомобил ќе купува амбулантни возила, сакајќи пред јавноста да покаже дека, ете, се грижи за здравството. По секоја трагедија, Заев молчеше и згора на тоа се обидуваше да го заташка случајот за да се спаси себеси и неговите соработници од одговорност.

Хаосот што го направи во здравството СДСМ ќе го средува со кондоми и кондомати
Додека здравството тоне, заменик министерот од СДСМ, Гоце Чакаровски кој на функцијата е поставен од Заев, се занимава со кондомати и контрацептивни средства, како да се тоа клучни прашања во здравствениот систем.
Во јавните здравствени установи низ државата не работат компјутерски томографи, ангиографи и бројни други апарати, а пациентите од целата држава се принудени да патуваат по стотици километри до Скопје во состојба кога и секундите може да значат живот.
Во цела Источна Македонија не се вршат никакви процедури на ангиографите и пациентите со инфаркт се оставени на немилост и се препраќаат за Скопје. Нема термини за важни дијагностички процедури и постојано се зголемува времето на чекање во Мој термин и за најобични рутински прегледи кај специјалист.
Владата ја укина обврската на докторите за задолжителни обуки во странство и се оставени да работат со застарени методи
Главна преокупација на СДСМ е поставување раководни кадри по партиска и семејна линија и целосно партизирани управни одбори со некомпетентни членови.
За тоа време, заменик-министерот Чакаровски наместо да се фокусира на клучните теми во здравството, гордо најавува „реформи“ во здравството со набавка на кондомати.
Социјалните мрежи вријат од осуди кон заменик-министерот и СДСМ кои не преземаа никаква одговорност за смртта на повеќе новороденчиња минатиот месец, а сега на крајно ноншалантен начин промовираат кондомати како „клучна реформа“ за помал број починати новороденчиња.
Кому ветува живот кога деца умираат по клиники?
Заев ветува живот, а смртта стана секојдневие во клиниките во Македонија. Низа трагични случаи не се очигледно вредни за Заев да говори за нив, туку пред јавноста зборува за тоа дека ќе донесе живот. Додека молчи за смртните случаи, Заев гласно зборува се и сешто само за да собере политички поен плус. За кого ветува живот?
Дамческа: Низа новороденчиња починаа за два месеци, Ставриќ е на одмор, одговорните молчат!
Владата на СДС продолжува да создава хаос во здравството. Деновиве откако почина родилката во Тетово, потоа почина и нејзиното новороденче. Ова е уште еден случај кој ја дополнува низата на скандали во здравството. Имено во последните два месеци починаа осум новороденчиња, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Клиниката за детски болести е местото каде се праќаат новороденчињата кои имаат здравствени проблеми. Но, одделот за интензивна нега при Клиниката за детски болести кој е најпотребен за овие случаи никако да биде отворен. Инаку одделот е одамна целосно опремен и подготвен да се стави во функција. Она што може да се слушне е само дека ќе биде отворен овој оддел. Директорката Ставриќ одреден период не е на Клиниката, односно користи годишен одмор. За сето ова потребно е некој од одговорните да се огласи и да даде одговор на јавноста. Никој од надлежните очигледно не е засегнат и не чувствува одговорност, обвини Јасминка Дамческа од ВМРО-ДПМНЕ.
 
 Дрско е и арогантно премиерот да ветува подобар живот додека бебиња и деца умираат во македонските клиники кои сега се во надлежност на неговата Вл

Пронајдете не на следниве мрежи: