недела, 29 ноември 2026
Најново

Доделени првите две решенија за самовработување на лица со инвалидност во Струмица

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Попоски денеска во Струмица ги додели првите две решенија за самовработување на лица со попреченост од струмичкиот регион, кој ги опфаќа и општините Радовиш, Валандово и Гевгелија. Тие ќе добијат парична помош за набавка на опрема и репроматеријали во висина од 5.000 евра и дополнително по 1.500 евра за по уште две вработени лица.– На овој начин им овозможуваме на овие лица да ги остварат своите соништа, да имаме успешни бизнис приказни. Досега во првиот дел доделивме 32 решенија, денес уште две, ни остануваат идната недела да ги доделиме останатите решенија до 85 бизнис планови кои беа оценети како успешни. Потоа до 10 јули да ги регистрираме бизнисите, за да може да ги добиваат средствата за набавка на опрема и репроматеријали, рече Попоски.
Тој посочи дека активен е огласот за самовработување на инвалидни лица. – Отворени се огласи за обуките за странски јазици и компјутери, како и за напредни ИТ- вештини за јава или за мајкрософт веб портали кој завршува утре, рече Поповски.
Во текот на септември-октомври-ноември, додаде, ќе има повторно оглас за напредни ИТ вештини.
– Тука е и проектот „Македонија вработува 2“. Во наредните денови ќе бидат усвоени законските измени и сите компании и граѓани ќе може да ги искористат бенефициите. Во првиот проект најголеми корисници беа малите и микро компании, односно самовработувањето. Тие добија ослободување од социјални придонесе во период од 3-5 години. Кај категоријата до 35 години добија ослободување од персонален данок во траење од 3 години. Ослободување на персонален данок следува и кај оние кои ќе основаат фирма, или една година биле евидентирани како невработени, а добиле вработување кај работодавач кој ќе се ослободи од плаќање персонален данок 3 години, нагласи Поповски.
Директорот на АВРМ прецизира дека ослободувањето од персонален данок изнесува 37 проценти, или најмалку  пет илјади денари месечно, а најмногу од 10.800 денари за висина на просечна плата во Македонија.– На овој начин им овозможуваме на овие лица да ги остварат своите соништа, да имаме успешни бизнис приказни. Досега во првиот дел доделивме

Поврзани вести