Соопштение од страна на претседателот на ССРМ, Бранко Ушковски, по повод денешниот настан – доделување на уверенија во Академијата за судии и јавни обвинители.
Почитувани академци Драги гости и Почитувани претставници на медиумите. Ми претставува особена чест и задоволство, да ве поздравам, од името на Судскиот совет, a воедно на сите академци од 5-та, генерација на АСЈО им честитам за постигнатиот успех со што се заокружува Вашата двегодишна обука за судии и ЈО.
Со добивањето на дипломата, учењето и праксата не Ви престанува тука и денес, туку тоа учење ќе Ви продолжи и ќе ве следи целиот ваш живот, затоа што тоа ќе ви дава повисоки професионални перформанси.
Исто така, Вие имавте можност преку обуката за судии и ЈО, како и преку соодветни пракси кои ги стекнавте во судовите да бидете подготвени и веднаш да бидете вклучени во професијата, а истовремено и да се соочите и со предизвиците кои ќе ги носи вашата судиска и јавно обвинителска функција.
Воедно, навистина сум горд што преку вложувањата од страна на независниот Судскиот буџет во вашата обука ни преставува суштински фактор да продолжиме со успешна имплементација на највисоките европски стандарди. Со тоа што за судија на основен суд може да биде избран само кандидат кој ја завршил обуката во Академијата за судии и јавни обвинители. Со тоа, последниве години се отстранети сите видови на влијанија при изборот на судии во основен суд и тоа не само политички влијанија, туку отстранет е секаков вид на субјективизам при нивниот избор. За кое да бидам искрен ова пред 10 –тина години го немаше ниту како идеја. При тоа, слободен сум да истакнам дека не може а да не се респектира целокупниот напредок во судството кој е постигнат во Република Македонија
Ви благодарам и уште еднаш ви честитам и ви посакувам да имате успешна кариера.
Почитувани академци Драги гости и Почитувани претставници на медиумите. Ми претставува особена чест и задоволство, да ве поздра