Во ситуација кога е комплетно девастиран вкупниот правен систем и во момент кога сериозно се загрозени сите витални функции на правната држава во Република Македонија, вели доц. д-р Иванка Додовска од Правниот факултет во Скопје, тоа што претставува единствено решение за излез од овој ќор-сокак е врзување на предвремените парламентарни избори со локалните избори оваа есен.-На целата јавност ѝ е сосема јасно дека оваа состојба не е наивна и, во исто време, одзеде огромна енергија од стратегиските интереси на нашата држава, но, исто така, е јасно дека политичките елити се соочуваат со една сериозна криза од која сите можевме да увидиме кој е кој и што е што во реалноста. Јасно е дека барањето од страна на ВМРО-ДПМНЕ за нови предвремени парламентарни избори претставува одраз на членовите и на поддржувачите на десната опција во земјата и претставува нужност доколку се пристапува сериозно кон словото на законите во Република Македонија, вели Додовска.
Таа додава дека сѐ друго останува во рамките на шпекулациите и подлежи на сериозна опсервација како пример за тоа колку може лесно да се девастира вкупниот општествен и правен поредок во смисла на негово уривање и поништување.
-Од сето тоа последниот збор го имаат токму граѓаните на Република Македонија, што, впрочем, веќе и беше доставено преку граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, каде што како основен и единствен услов на гласот на граѓаните беше токму поставено барањето за одржување нови кредибилни, навистина кредибилни предвремени парламентарни избори. Овој сериозен апел до сите суштински фактори во земјава и во странство го дава одговорот со кој на наједноставен начин би го добиле решението за политичката криза, заклучува Додовска.-На целата јавност ѝ е сосема јасно дека оваа состојба не е наивна и, во исто време, од