Никола Додовски, адвокатот на Сеад Кочан денеска пред медиумите изјави дека добиено никакво решение за мерка притвор за Кочан и дека не може да каже ништо додека се’ дознаваат преку медиуми.– Како медиумите пред обвинетиот, пред одбраната добиле информации или решение дека некој е во притвор не ми е јасно, дури и на веб страната на Основниот суд побаравме информации, нема. Треба медиумите да објаснат како наместо на обвинетиот, нив им се дава информација дека е притворен, рече Додовски.
Според него, невообичаено е како медиумите дознале пред одбраната и обвинетиот дека е одредена мерка притвор.
– Информацијата не е од судот, кој ја дал можеби вие можете да ми помогнете да ми објасните, но на одбраната и обвинтетиот мора да им се достави решение. Додека не им се достави решение на одбраната и обвинетиот, Сеад Кочан е слободен граѓанин, смета Додовски.– Како медиумите пред обвинетиот, пред одбраната добиле информации или решение дека некој е во притвор не ми е јасно, дури и на веб страната