Само со добро менаџирање за 6 месеци ќе се изнајде трајно решение за сите диви депонии. На жителите на Дебарца треба да им се каже како ќе се гради депонијата, вели политичарот Марјан Додовски за Телевизија Алфа.-Доколку не успее концептот на регионално решение, мора да се има и друга опција, зашто последиците ние ги чувствуваме, особено локалните жители, истакна поранешниот министер за животна средина Марјан Додовски во интервју за Алфа ТВ и додаде:
„Регионална депонија е најдобро решение, каде што на едно место ќе се собира целото ѓубриште, но мора да се има консензус меѓу општините. Сегашниот пристап е лош на краткотрајно решение. Токму затоа, мора да се изнајде трајно решение. Владата мора под итно да ги засука ракавите и да се фати за работа. Не смееме да дозволиме ширење на заразни болести кои произлегуваат од депониите.“
Потенцира дека на жителите на Дебарца треба да им се објасни како би се градела таа депонија, се до тогаш ќе се наидува на отпор од локалните жители, само зашто тие не се информирани.
-Преместувањето на дивата депонија во Тетово е краткотрајно решение. Отпадот што завршува на ѓубриште треба да се рециклира, смета Додовски.
Тој говори и за кратењето на сретства во секторот екологија со новиот ребаланс на буџетот, што сериозно ќе се одрази врз животната средина.
Целото интервју на Додовски за Алфа погледнете го во продолжение.
-Доколку не успее концептот на регионално решение, мора да се има и друга опција, зашто последиците ние ги чувствуваме, особено локалните жители, и