Договорен прекин на огнот во Украина за почетокот на новата училишна година

Борбите на фронтовите во Источна Украина се прекинуваат за да се обезбеди мирен почеток на новата учебна година, соопштија меѓународните набљудувачи. Според претставникот на набљудувачката мисија на ОБСЕ, Александар Сајдик, прекинот на огнот ќе започне в петок, на полноќ.Почетокот на новата училишна година, во Украина, по традиција, се одбележува како свеченост во целата земја.
Последниот ваков прекин на огнот, меѓутоа, не успеа да биде испочитуван, а уште помалку тој да се претвори во потрајно запирање на војувањата.
Сегашниот договор беше овозможен, откако за тоа претхдно се согласија земјите членки на „Нормандиската четворка„- Русија, Украина, Франција и Германија, чии лидери во телефонски разговори, доцна синоќа поддржаа еден ваков чекор на завојуваните страни.
Официјална Москва издаде свое соопштение во кое потврдува прекин на огнот, од 25 август, на полноќ.
Една ваква поранешна согласност, за прекин на непријателствата меѓу украинските сили и проруските бунтовници, пропадна во 2014 година, кога четри лица беа убиени во артилерски оган, додека децата влегуваа во училишните дворови, носејќи цвеке за првиот ден во новата учебна година.
Според податоците на ОБСЕ, од последното примирје, во јуни годинава, на боиштата во Источна Украина се убиени 34 украински војници.
Примирје беше постигнато во февруари 2015 година, во Минск, меѓу Украина, Русија, Франција и Германија, но се уште не се исполнети до крај сите одредби од овој договор.Почетокот на новата училишна година, во Украина, по традиција, се одбележува како свеченост во целата земја.
Последниот ваков прекин на огн

Пронајдете не на следниве мрежи: