Доисплатата на субвенциите и цената на пченицата која допрва треба да се договори, се приоритет за земјоделците во претстојниот период. Тие очекуваат соработка од новиот ресорен министер Љупчо Николовски и во најскоро време седнување на маса со него, на заеднички разговори за, како што велат, решавање на актуелните проблеми.Пред нив се, нагласуваат, многу активности, но најпрво треба да се исплати државната поддршка.
– Во Струмичко тутунарите немаат земено ниту денар, за разлика од поддршката за млекото, сточарството и раноградинарство која е речиси исплатена. Потоа, со оглед дека сме на чекор пред жетвата, добро е да одржиме заеднички состанок со откупувачите и преработувачите, зашто не е дефинирана откупната цена на пченицата. Треба да поразговараме и колку количини лебно жито ќе имаме на располагање, изјави претседателот на Федерацијата на фармери на Македонија (ФФРМ) Никола Стаменов.
Според него, првичните проценки се дека годинава од сопствено производство Македонија ќе задоволи 30 до 40 отсто од потребите.
– Тоа значи дека ќе бидеме уште позависни од увоз зашто претходните години од домашно производство задоволувавме околу 60 проценти од потребите, посочи Стаменов.
За овие и други проблеми во секторот, рече, ќе треба да му се укаже на министерот, да му се предочи кои се ставовите на земјоделците, но и да се слушне неговото мислење.
– По измрзнувањето, дел од производителите го чекаат и обесштетувањето. Сакаме да слушнеме какви се проценките, да видиме која е можноста на Владата да помогне и во овој дел, нагласи Стаменов и информира дека ФФРМ идната недела ке поднесе официјално барање за средба со министерот Николовски.
Во земјоделството постојано има проблеми, во производството, организацијата, новитетите на пазарот, цените,…, смета претседателот на Асоцијацијата на земјоделците на Македонија Ефтим Шаклев.
– Постојано има движење кое треба правилно да се насочи за земјоделците да имаат што поголем бенефит. Ние сме постојано на терен и со нашите идеи може само да му помогнеме на министерот, особено ако е Владата реформска, како што највува. Целта треба да е единствена, да го унапредиме и да го направиме македонското земјоделство модерно, конкурентно, продуктивно, рече Шаклев.
И тој е на став дека најпрво треба да се разговара за доисплата на субвенциите, а потоа, во најскоро време, да се одржи и средба за пченицата.
– Треба да има средба меѓу проиозводителите и мелничарите за да се договори цената на пченицата. Но, со еден состанок тоа не може да се направи. Министерот секогаш бил медијатор, посредувал. Очекуваме поддршка и овојпат, дециден е Шаклев.
Тој укажа на проблеми во поледелството, градинарството, млекарството. Потенцира дека дел од откупувачите не ги почитуваат склучените договори со производителите и отстапуваат од првично дефинираната цена. Во некои региони, пак, откупот на млекото е целосно откажан.
– Секој ден има проблеми со градинарството каде што е во тек откупот. Но, секој ден сме сведоци и на непочитување на договорените цени од страна на откупувачите. Откупните цени се менуваат еднаш во неделата, но тоа не се почитува од дел од откупувачите. На тоа треба да им се укаже, да се има сосатанок со нив. Во однос на млекото има два проблема, некои од преработувачите го откажаа откупот и нудат апсолутна, минимална цена, за кравјото 14 – 17 денари наместо најмалку 20, а за овчото 30 наместо 40 денари. Има многу неправилности, рече Шаклев.
И Сојузот на здруженијата на земјоделците чиј претседател е Вељо Тантаров, ќе го поддржи новиот министер во работата. – Не можеме се уште конкретно да кажеме кои се нашите препораки во однос на претстојните активности на министерот зашто не сме седнале на маса со него, не сме поразговарале. Неопходно е да оствариме средби, да ги слушнеме размислувањата и да ги искажеме нашите видувања, предлози и сугестии, посочи Тантаров.
ФФРМ, Асоцијацијата на земјоделци и Сојузот на здруженијата се трите национални здруженија во земјава кои претставуваат земјоделци од најмалку 30 општини. Тие имаат потпишано Договор за соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со што се практично негови економско-социјални партнери.Пред нив се, нагласуваат, многу активности, но најпрво треба да се исплати државната поддршка.
– Во Струмичко тутунарите немаат земен