Дојче Телеком достигна највисока вредност на брендот во својата историја, со 36,4 милијарди американски долари. Според рангирањето на Brand Finance Global 500, ова претставува зголемување од 10% во споредба со минатогодишната вредност. Со овој позитивен резултат компанијата повторно е највреден телекомуникациски бренд во Европа, пред Vodafone и Orange. Од неговото повторно воведување во 2008, вредноста на брендот постојано расте, и се зголеми за импресивни 309%.Дојче Телеком е исто така вториот највреден германски бренд во светот, после BMW. По нив следуваат Mercedes-Benz, VW и Siemens.
Секоја година, Brand Finance ги определува највредните брендови во светот. Според консултантската фирма со седиште во Обединетото Кралство, рангирањето на Дојче Телеком е одраз на стабилната стратегијата за брендот. Исто така, телекомуникациската компанија успешно го продолжи својот позитивен деловен развој и минатата година, пришто истовремено направи долгорочни инвестиции во квалитетот на мрежата, иновациите и корисничките услуги, а сето тоа претставува основа за зголемување на вредноста на брендот.
Македонски Телеком е дел од Групацијата Дојче Телеком од 2006 година.
Повеќе информации за студијата Brand Finance Global 500 можете да најдете на веб страницата https://www.brandfinance.comДојче Телеком е исто така вториот највреден германски бренд во светот, после BMW. По нив следуваат Mercedes-Benz, VW и Siemens.