Со доаѓањето на владата на СДСМ и најавите на претседателот на партијата Зоран Заев за живот во Македонија, дојде и слободата на дилерите.Според информациите до кои дојдовме, Врховниот суд денеска издаде решение со кое ја уважи жалбата на Сеат Рахиќ и го укина притворот. Тој е брат на поранешниот пратеник на СДСМ, Есад Рахиќ.
Сеат заедно со уште четири лица беше уапсен за препродавање кокаин, а тоа значи дека со доаѓањето на животот во Македонија, дојде и слободата за дилерите.
Тој во февруари годинава во рамки на Оперативната акција „Мрежа“ која се спроведува за сузбивање на улично дилерство на дрога беше уапсен заедно со уште четири лица.
-По претходно добиени оперативни сознанија дека организираната криминалната група набавувала и продавала наркотична дрога на нарко зависници од подрачјето на Град Скопје но и во други градови од државава беше спроведено криминалистичко истражување, а во кординација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, соопшти тогаш МВР.
Оттаму посочија дека според документираните сознанија во текот на минатата и оваа година криминалната група организирана од С.Р. која делувала на подрачјето на Град Скопје како и надвор од градот, продавала кокаин за цена од 3.000 до 4.500 денари за една паковка.
-Кокаинот бил набавуван од непознато лице од Србија во помали количина, со цел полесен и побезбеден транспорт на наркотичната дрога, се вели во соопштението од МВР.
Министерството тогаш соопшти дека Сеат Рахиќ бил организатор на групата и ги ангажирал М.Д. и М.З. кои го продавале кокаинот на нарко зависници, но оти по продажбата редовно го известувале Рахиќ за паричните средства кои биле добиени.
-Исто така утврдено било дека лицето М.М. исто така посредувал во вршењето на продажбата на наркотична дрога кокаин, така што кога имало потреба за продажба на дрога, го известувал С.Р. и ја вршел продажбата, а дел од парите ги задржувал за себе, стои во соопштението.
Според информациите до кои дојдовме, Врховниот суд денеска издаде решение со кое ја уважи жалбата на Сеат Рахиќ и го укина притворот. Тој е бр