Дојран: најевтино туристичко место на Балканот

Се поголем број туристи се одлучуваат својот летен одмор да го поминат на југот на нашата држава. Дојран во последните неколку години доживува вистинска преродба.Убавите плажи, големиот број културни манифестации, како и ниските цени достапни за сечиј џеб се некои од причините поради кои голем број туристи се одлучуваат за Дојран.
Како што можете да погледнете во приложените ценовници, во Дојран можете целосно да се опуштите. Можете да си дозволите вистински одмор, со храна во ресторани, без притоа да стравувате дека ќе „ве изгорат“ кога ќе треба да го извадите паричникот.
И додека цените во туристичките центри во соседните земји растат, што поради зголемување на ДДВ, што поради други фактори, во продолжение можете да се уверите дека Дојран останува препознатлив по ниските цени.

Како што можете да видите, цените на безалкохолните пијалаци во кафулињата на плажите се движат од 50 до 60 денари, на кафето од 30 до 60 денари, а за пиво ќе треба да одвоите од 70 до 80 денари, во зависност од тоа какво пиво сакате да пиете, пренесуваат медиумите.

Како што може да се забележи од приложените фотографии, во рестораните има голем избор на храна, а цените се пристапни за секого.
Велат дека, ако отидете во Дојран, а не пробате риба – исто како да не сте биле таму. Како што гледате во приложената  фотографија за порција риба  ќе треба да одвоите од 200 до 300 денари во зависност од тоа каква риба сакате да вкусите.

Цените на храната во рестораните се горе-долу слични. Како што може да се забележи на менито од друг ресторан, топче сладолед чини само 20 денари, а за други видови десерти ќе треба да одвоите од 50 до 100 денари.

Во приложената фотографија од менито можете да видите како се движат цените на скарата и на салатите. Така за салата ќе треба да одвоите од 80 до 100 денари, а цената на парче месо печено на скара се движи од 120 денари па нагоре.
За споредба, за да се уверите дека цените во рестораните се речиси идентични, во продолжение ви приложуваме уште едно мени.

Доколку пак не сте од оние луѓе што одат по ресторани и сакате да уживате во брза храна, еве го менито и погледнете како се движат цените на сендвичите.

Освен што нема да потрошите многу пари доколку сакате себе си да си приуштите вистински одмор и да уживате во вкусната  храна во рестораните, битно е да се напомене дека нема да потрошите ниту премногу пари за да уживате на плажа. Како што можете да забележите во приложената фотографија,  за целодневното користење на лежалка ќе треба да одвоите само 120 денари, а со тоа гратис добивате нес-кафе и минерална  вода.
Ако не сте љубител на скара, риба или сендвичи, тогаш за вечера би можеле да одите и на пица. Како што може да се види, Дојран е најевтин и во однос на цената на пиците и истите се движат од 120 до 250 денари во зависност од големината или од видот на пицата.

И за крај проследете го богатото мени на најстариот ресторан во градот „Фук Так“ каде освен оние вообичаените можете да вкусите и автентични специјалитети, карактеристични за Дојран, како што е познатата риба на трска.

Она што мора да се напомене за крај е дека годинава Дојран е „Град на културата“, што подразбира дека ова туристичко место летово ќе изобилува со голем број културни манифестации. Богатата програма, евтините цени и убавите уредени плажи се надеваме дека ќе бидат само причина повеќе да го посетите овој туристички центар.Убавите плажи, големиот број културни манифестации, како и ниските цени достапни за сечиј џеб се некои од причините поради кои голем број туристи с

Пронајдете не на следниве мрежи: