Некои се обидоа да го оспорат графитот, односно фотографијата на која се гледа македонски графит испишан на Берлинскиот ѕид.
Тврдеа дека е фотошопиран. Е па ние малку истраживме и пронајдовме уште една фотографија, сликана од сосема друг агол, со која се докажува дека навистина некој македонец на некоја си Дани и изјавил токму таму – ЉУБОВ. И со тоа го овековечил своето чувство. Бидејќи фотографиите од паѓањето на Берлинскиот ѕид ќе останат запаметени засекогаш…
За да се потсетите на претходната вест и слика, која ја оспоруваа следете го линкот ТУКА.
Ако имате информации за кого се работи, ве молиме да не контактирате, ќе ја објавиме сторијата, бидејќи сметаме дека е важно да се види дали имало македонци таму во тие денови и како тие ги доживале настаните…
Некои се обидоа да го оспорат графитот, односно фотографијата на која се гледа македонски графит испишан на Бе