Во престижните натпреварувања како што е Лигата на Шампионите ретко се случува клубови со големи имиња лесно да ја испуштат предноста од првиот натпревар. Но и тоа е можно.Дека во фудбалот се е можно потврдуваат бројните пресврти кои се случиле низ историјата на фудбалот. Она што некогаш делува нелогично и недостижно, се менува за момент, а тогаш реалноста добива сосема поинаква верзија. Златно правило никогаш не заборавајте дека натпреварот трае 90 минути (можеби и повеќе)!
Ова се наинтересните резултатски пресврти.
Реванш меч во Лига на Шампиони – Депортиво ла Коруња – Милан 4:0,(резултат од прв натпревар: Милан- Депортиво Ла Коруња 4:1)
Еден од најголемите пресврти се случил во 2004 година кога во реваншот Депортиво ла Коруња ја стигна огромна предност на Милан од првиот меч од четвртфинлето на елитното натпреварување. Во вториот натпревар, Милан буквално го разнесе Депортиво со резултат 4:1, во меч во кој во секој сегмент го надигра противникот. Тогаш сите сметаа дека натпреварот во Шпанија е чиста формалност, а дека Италијаните веќе беа во полуфиналето. Сепак реалноста е некогаш сурова, а фудбалерите на Милан доживеаа вистински пекол. Милан беше поразен со резултат 4:0
Лига на шампиони финале: Милан – Ливерпул 3:3 (по пеналите англискиот тим ја освојува титулата)
Само година дена по натпреварот со Депортиво, италијанскиот клуб стигна до финалето на Лигата на шампионите, каде не успаа да ја поправат грешката од минатото. Првите 45 минути од натпреварот поминаа во апсолутна доминација на италијанскиот клуб кои на одмор заминаа со резултат 3:0
Навивачите на Ливерпул веќе ја прежалија титулата, тогаш за време на полувремето еден навивач си го одзел животот, а на стадионот и понатаму се пееше „You'll never walk alone”.
Во 54-та минута Џерард потигна погодок за да го ублажи поразот, но само две минути подоцна Шмицер намали на 3:2. И на карај од пенал резулатот го израмни Алонсо. По пеналите Ливерпул ја освои титулата.
Лига на шампиони – финале: Баерн Минхен – Манчестер Јунајтед
На почетокот поведе Баерн Минхен и до истекот на регуларното време Манчестер не успева да изедначи. Пчотоа Фергусон го вклучи во игра Сокер и Теди Шерингем. Во рок од две минути Сокер и Шерингер напаѓаат и подтигнуваат два гола.
Четфртфинале од купот на победниците: Урдинген – Динамо Дрезден
Остана запамтен нивниот натпревар во 1986 година, кога по поразот на гостувањето во Дрезден против Динамо од 3:1 за Динамо, но дојде реваншот. Во првите 45 минути на семафорот пишуваше 3:1 за Динамо, што значеше дека само чудо може да ги спаси Урдиген. Оваа екипа во последните минути од натпреварот постигнаа неверојатни шест гола и победија со 7:3.
Куп на УЕФА Партизан КПР 4:0 (прв натпревар: КПР – Партизан 6:2)
Еден од најневеројатните потези во историјата на евро куповите го направи екипата на Партизан која во 1984 година успеа да стигне миснус од 4 гола против Квинс парк ренџерси. Овие два тима првиот меч го одиграа во Лондон, каде домаќинот дошол до недостижна предност од 6:2.
Пеколен реванш ги пречекал Англичаните во Белград. Партизан го порази КПР со 4:0 и стана втора екипа која во европските натпреварвања успеала да го стигне заостанувањето од 4 гола.
Куп на УЕФА финале: Баер Леверкузан – Еспањол 3:0 (по пеналите германскиот клуб го освојува трофеот, резултатот во првиот меч бил 3:0 во корист на шпанскиот тим
На првиот меч во Шпанија победиле Еспањол со 3:0. Во реваншот во Леверкузен делувало дека тимот од Барселона ќе го освои тимот. До 60-та минута немало голови, но потоа германскиот тим постигнал три гола и следувале продолженија и пенали. Германскиот тим го освоил трофејот…
Реванш на купот на победници Барселона- Мец 1:4 (резултат од првиот натпревар Мец – Барселона 2:4)
Во првиот меч Каталонците во Фанција забележале убедлива предност од 4:2, така да реваншот на Камп Ноу требало да биде лесен тренинг.
Во Шпанија Барса повела со 1:0 во 33-та минута со 1:0, што значи дека вкупната предност на Каталонците била 5:2. Но до полувремето со погодокот на Мец и автоголот на шпанците, Французите ја намалиле разликата. До крајот на мечот Мец стигнале до резултат од 4:1
Куп на шампионите, второ коло: Реал Мадрид – Дерби Каунти 5:1 (резултат од првиот меч: Дерби каунти- Реал Мадрид 4:1)
Реал Мадрид претрпеле дебакл губејќи од Дерби Каунти со 4:1. Две недели подоцна никој не верувал во пресврт. До полувремето било 1:0 за Реал. Сепак вториот дел од играта донел големо возбудување. До крајот на натпреварот резултатот бил 4:1 во полза на Реал.
Лига Европа: Фулам – Јувентус 4:1(резултат од првиот меч: Јувентус – Фулам 3:1)
Фулам изгубиле во Торино 1:3. Против екипата како што е „Старата дама“ малку кој очекувал пресврт. Англискиот тим во реваншот по втората минута губел со 1:0. Дури и по првиот дел се чинело дека Италијанците ќе победат, иако во меѓувреме Фулам постигнал три гола. На само осум минути пред карјот Фулам поминал во следната рунда.
Лига на шампиони: Порто – Артимедиа Братислава 2:3 (2:0)
Анонимниот клуб од Братислава таа сезона бил вистински хит во лигата на шампионите. Се чинило дека ќе биде рутинска победа за Порто. Поготово кога повеле со 2:0. Но на крајот на полувремето противникот намалил на 2:1. Но овој погодок не ги загрижил играчите на Порто. Но, дефинитивно ги замислил голот во 55-та минута за 2:2, а веќе во 74-та минута се шокирале. Малиот клуб од предградиото на Братислава му ги однел поените на двократниот првак на Европа.Дека во фудбалот се е можно потврдуваат бројните пресврти кои се случиле низ историјата на фудбалот. Она што некогаш делува нелогично и недос