Докажано: Пластиката предизвикува тумор на црниот дроб!

Бисфенол А, основната состојка на пластичните амбалажи, предизвикува канцер, тврдат научниците. Состојката бисфенол А, која е основна супстанција на пластичната амбалажа, предизвикува тумор на црниот дроб, тврдат научниците од Универзитетот „Мичиген“, кои испитувале стаорци за да го докажат своето истражување. Стаорците уште од раѓање биле изложени на оваа супстанција.
„Резултатите покажале дека дури 27 проценти од стаорците што биле изложени на различни дози БПА, и тоа преку исхрана на мајката за време на нејзината бременост, добиле тумор на црниот дроб. Колку била дозата поголема, толку е поголема веројатноста дека ќе се појави тумор“ – изјавила Карен Винхаус, член на тимот истражувачи.

Таа додава дека стаорците чии мајки внесувале по 50 мг БПА имале седум пати повеќе шанси да развијат тумор отколку стаорците чии мајки не внесувале БПА. Сепак, сега е потребно да се испита колку БПА имаат влијание на луѓето.
– Нашите резултати покажуваат дека итно е потребно да се испита влијанието на бисфенол А на луѓето – изјави Винхаус. Состојката бисфенол А, која е основна супстанција на пластичната амбалажа, предизвикува тумор на црниот дроб, тврдат научниците од Универзитетот &b

Пронајдете не на следниве мрежи: