Докажано: Штиклите не ги деформираат стапалата

Многу жени би се сложиле со реченицата дека: „За убавина се трпи“. Но, и покрај се, многу дами не се загрижени, затоа што најбитно им е да изгледаат убаво, да привлекуваат вниамние и да носат добра доза на самоувереност во себе. 
Жените уживаат во сето тоа и не им претставува препрека ни фактот што шминката малку штети на лицето, што честото фенирање и пеглање ја оштетува косата, па дури ни тврдењето дека високите потпетици ги оштетуваат стапалата.

Но, последното тврдење не е целосно точно. Имено, научниците неодамна потврдиле дека високите потпетици не се причини за деформацијата на петите на стапалата, односно на појавата на ортопедско искривување на прстите на нозете познато како валгус.
Секако дека носењето штикли може да ја влоши состојбата на прстите и стапалата, но според научната теорија која е спроведена во соработка со повеќе од  1000 возрасни луѓе, утврдено е дека тој деформитет е најчесто наследен.
Тоа значи дека причината за овој незгоден проблем не се високите потпетици, туку главен виновник се гените.Многу жени би се сложиле со реченицата дека: „За убавина се трпи“. Но, и покрај се, многу дами не се загри

Пронајдете не на следниве мрежи: